Најстарата кафеана на светот: Место каде што кафе пиеле Гете и Бајрон

Венеција важи за еден од најпосетуваните градови во Европа, позната по каналите, гондолите и богатата историја. Меѓутоа, малкумина знаат дека токму во срцето на овој италијански град се наоѓа кафеана која непрекинато работи повеќе од 300 години и ја носи титулата за една од најстарите активни кафеани на светот.

florian-5866-fi

Извор: Unsplash/Clay Banks

Станува збор за Caffè Florian, чувеното место на Плоштадот Свети Марко кое веќе со векови привлекува туристи, уметници, писатели и љубители на кафе од сите краишта на светот.

Кафеана која преживеала три века историја

Caffè Florian е отворен на 29 декември 1720 година под називот „Alla Venezia Trionfante“, но набрзо го добил името по својот основач, Floriano Francesconi.

Благодарение на престижната локација во самиот центар на Венеција, кафеаната многу брзо станала омилено собиралиште на европската елита. Меѓу гостите на оваа чувена кафеана биле Јохан Волфганг фон Гете, Ѓакомо Казанова, Лорд Бајрон, Марсел Пруст и Чарлс Дикенс.

Посебна занимливост претставува фактот дека во времето кога била отворена, таа била една од ретките венецијански кафеани во кои на жените им бил дозволен влез, што дополнително ја издвојувало од конкуренцијата.

florian-5866-ps1

Извор: Unsplash/Claudio Schwarz

Ентериер кој не се менувал повеќе од 160 години

Средината на 19 век кафеаната била реновирана, а нејзиниот препознатлив изглед е зачуван до денес. Внатрешноста ја сочунуваат шест раскошно уредени салони украсени со уметнички дела на познати сликари од тоа време.

Посетителите можат да престојуваат во просториите познати како Салон на славните, Салон на Сенатот, Кинески салон, Ориентален салон, Салон на огледалата и Салон Либерти, од кои секој има единствен стил и историска приказна.

Денес Caffè Florian е многу повеќе од обична кафеана. Спојот на врвно кафе, традиционални италијански десерти, уметноста и историјата го прави една од најпознатите атракции на Венеција. Иако цените не се меѓу најниските, искуството на испивање кафе на Плоштадот Свети Марко за многу туристи претставува незаобиколен дел од посетата на градот на вода.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.