Како да пиеш варено вино во Виена (или каде и да си), без да се „опиеш“ од трошоци

Декември мириса на цимет, варено вино и… на потрошени пари. Скролањето на Instagram деновиве изгледа вака: Виена, Цирих, Париз, Стразбур. Сите се таму, сите ги држат оние слатки керамички чаши и сите изгледаат како да го живеат најдобриот живот.

diners-4970-fi

Извор: Webmind редакција

И реално, кој не сака да избега малку од скопската магла и да се изгуби меѓу дрвените куќички на некој божиќен базар?

Но, патувањето за празници знае да биде финансиска замка. Авионските карти се поскапи, сместувањето е „до плафон“, а ситните трошоци на базарите се топат побрзо од снегулка на дланка. Прашањето е: Дали можеш да имаш „филмски“ декември, а да не ја започнеш новата година со празна сметка? Одговорот е: Апсолутно да. Еве го планот.

1. Аеродромот не мора да биде стрес (ниту трошок)

Празничната сезона значи гужви. Огромни редици, доцнење на летови, скапо кафе на терминал и нервоза уште пред да полеташ. Но, постои хак за ова. Паметните патници знаат дека одморот не почнува кога ќе слеташ, туку кога ќе чекираш.

Практичен совет: Искористи ја предноста на Advantage картичката од Diners Club. Таа ти отвора врати во над 1.700 аеродромски салони (lounges) низ светот. Што значи тоа? Наместо да се туркаш пред “gate”, седиш во удобна фотелја, имаш бесплатно Wi-Fi, храна и пијалак вклучени во пристапот. Ем заштедуваш на прескапите аеродромски сендвичи, ем патуваш како VIP. Тоа е тој „travel smart“ момент.

2. Магијата на базарите: Кеш или картичка?

Виена мириса на штрудла и топло чоколадо, Минхен на печени бадеми, а Братислава на најслаткиот карамелизиран шеќер.

Божиќните базари се визуелен рај, но финансиски минско поле. Еден украс овде, едно колаче таму, „ајде уште по едно греено вино“… и одеднаш си 100 евра полесен за еден час. Многу тезги во Европа (особено во Германија и Австрија) сè уште преферираат кеш за помали суми, но сè повеќе се дигитализираат.

Практичен совет: Дефинирај „џепарлак“ за базарот. Плати го сместувањето и летот однапред (тука Diners Club е твојот најдобар пријател со опцијата за плаќање на рати), за да не го мислиш тој голем трошок додека шеташ. Остави го тековниот буџет само за уживање – храна, пијалак и сувенири.

3. Не бркај скапи ресторани, улицата е највкусна

Ако си во Европа за Нова година или Божиќ, грев е да седиш затворен во скап ресторан со бело ќебе на масата. Вистинската забава е надвор. „Street food“ културата во градовите како Будимпешта или Берлин е гастрономско доживување само по себе.

Практичен совет: Јади локално, на нога. Гулаш во лепче, currywurst, langos… ова се евтини, а превкусни опции. Плус, ќе имаш повеќе време за истражување. Одвои дневен буџет и следи го преку мобилната апликација MyDiners.

4. Искуство > Материјални работи

Најлесно е да се натрупаш со сувенири кои ќе фаќаат прашина. Но, дали навистина ти треба третата снежна топка? Наместо тоа, инвестирај во моменти. Качи се на панорамското тркало, оди на лизгалиште, плати влезница за некој кул музеј или концерт.Прага, Краков, Париз… самото шетање низ уличките е посебна магија.

Практичен совет: Ако купуваш подароци за дома, искористи ги сезонските попусти во големите шопинг центри (каде можеш да плаќаш со картичка на рати), а на базарите купи само нешто автентично и рачно изработено.

5. Нова Година: урбано, не прескапо

Ако ја чекаш Новата година во некоја европска метропола, не мора да плаќаш вртоглави суми за влез во клубови. Најдобрите журки често се на главните плоштади – со огномет, жива музика и стотици илјади насмеани луѓе. Тоа е енергија што не се купува со пари.

Заклучок: Врати се богат (со спомени)

Да патуваш не значи само да се сликаш. Значи да го промениш воздухот, да видиш нешто ново и да се вратиш полн со енергија. Со малку планирање, користење на бенефитите како аеродромските салони на Diners Advantage картичката и паметно распределување на трошоците, твоето зимско патување ќе биде уживање, а не финансиски стрес.

Спакувај куферите (остави место за поклони) и… Одиме? Одиме!

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.