Избран е најтажниот филм на сите времиња: „The Notebook“ е на силното второ место

Љубителите на филмот го избраа најтажниот филм на сите времиња, а победник, со голема предност пред конкуренцијата, е блокбастерот „Титаник“.

notebook-5388-fi

Извор: Freepik/The Yuri Arcurs Collection

Во анкетата спроведена меѓу две илјади гледачи, филмот на Џејмс Камерон од 1997 година ги надмина класиците како „The Notebook“ и „Ghost“. Истражувањето, нарачано од телевизискиот канал Great Romance, покажа дека дури 41 процент од испитаниците заплакале со трагичната љубовна приказна на богатата аристократка Роуз Девит Букатер и сиромашниот уметник Џек Досон на првото и последно патување на Титаник.

Жените плачат повеќе од мажите

Филмот во кој глумат Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо најмногу ги погоди жените. Речиси половина од анкетираните (47 проценти) признале дека им се насолзиле очите, додека истото го признале и една третина од мажите (34 проценти).

На второто место се најде романтичната драма „The Notebook“ со Рајан Гослинг и Рејчел Мекдамс, која петтина од гледачите (20 проценти) ја прогласија за филм кој најмногу ги тера на плачење. Приказната за децениската љубов на Ноа и Али за потажна ја сметаат жените (26 проценти) отколку мажите (15 проценти).

Повеќе од десет проценти од испитаниците изјавиле дека најмногу ги расплакал хитот Ghost од 1990 година со Патрик Свејзи и Деми Мур. Холивудските класици како „Gone with the Wind“ и „Casablanca“ добија 10, односно 9 проценти од гласовите, колку што собра и модерната романтична комедија „Love Actually“.

На остатокот од листата се најдоа:

  • „Pretty Woman“ (8 проценти)
  • „Notting Hill“ (6 проценти)
  • „Dirty Dancing“ (6 проценти)
  • „P.S. I Love You“ (6 проценти)

Истражувањето исто така потврди дека жените двојно почесто плачат за време на филмови отколку мажите.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.