Дали е ова работа од соништата? Галите мачки и уживате на рајски остров

Во светот постојат многу начини да се побегне од секојдневието, но ретко што звучи примамливо како лето поминато на грчки остров во друштво на мачки.

machki-5347-fi

Извор: Freepik

Токму таква можност нуди засолништето Syros Cats, кое бара волонтери подготвени да ја спојат љубовта кон животните со престој на Медитеранот. За возврат, тие добиваат бесплатно сместување, појадок и покриени режиски трошоци.

Засолништето на островот Сирос постои уште од 1990-тите и со децении спасува напуштени мачки, станувајќи пионер на движењето за благосостојба на животните во регионот. Сега бараат одговорни, самостојни и здрави волонтери за ангажман од најмалку еден месец.

Што опфаќа работата?

Волонтерите помагаат во контрола на популацијата преку стерилизација, ја следат здравствената состојба на животните, организираат ветеринарна грижа и се грижат мачките секогаш да имаат доволно храна.

Секојдневните задачи вклучуваат чистење на просторот, хранење, дружење со младите мачки за полесно да се прилагодат на идните домови, но и она што на многумина им звучи како сон галење на мачиња. Иако идилично на прв поглед, работата во засолништето е сериозна и одговорна, а станала дел од идентитетот на островот.

Според Time Out, трудот на организации како Syros Cats и God’s Little People Cat Rescue значително го променил ставот на локалното население кон мачките. Некогашната недоверба е заменета со почит, а животните денес се симбол на гордост на заедницата.

Како што истакнуваат основачите, начинот на кој се однесуваме кон животните многу зборува за нашата хуманост.

Време и бенефити

Избраните волонтери работат околу 5 часа работа дневно, пет дена во неделата. За возврат добиваат бесплатно сместување, покриени режиски трошоци и појадок, што ја прави оваа можност особено привлечна за сите што сакаат да го поминат летото на грчкиот остров на поинаков начин.

Пријавите за сезоната 2026 веќе се затворени, но новиот круг за летото 2027 се отвора на есен. На сите заинтересирани им се советува да ја следат официјалната страница на засолништето и нивните објави. За љубителите на мачки, ова е прилика што не треба да се пропушти.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.