Adidas, Bumble, Canva: ТРИ приказни за успехот од кои можете да учите

Претприемништвото е ризичен, но потенцијално многу исплатлив потфат. Околу 50 проценти од стартапите опстојуваат пет години, додека само 25 проценти преживуваат 15 години. За секој Amazon или Uber, постојат десетици компании на кои денес речиси никој не се сеќава. Па, што всушност ја прави разликата помеѓу успешните и неуспешните бизниси?

adidas-5675-fi

Извор: Magnific/user17446225

Ако размислувате за започнување сопствен бизнис или сте само на почетокот, важно е да учите од туѓите искуства за да ги избегнете најчестите грешки и да разберете кои одлуки се пресудни за опстанок.

Еве четири инспиративни претприемнички приказни.

Ади Даслер (Adidas)

Некои од најголемите брендови на денешницата настанаа од скромни почетоци, а тоа најдобро го покажува приказната за основачот на компанијата Adidas. Даслер почнал да прави обувки во пералницата на својата мајка, во мало место во Баварија. Неговата идеја била едноставна – да ги направи најдобрите спортски обувки за спортистите.

Иако не му недостигала конкуренција, тој се издвоил така што ги слушал спортистите: ги прашувал што им треба, што им пречи и што би можело да се унапреди. Токму тој фидбек му овозможил да развие производ кој пазарот навистина го сака.

Кога во 1949 година ја регистрирал фирмата, тој веќе имал јасна предност. Истата година се регистрирани и познатите три ленти. Неговата визија е потврдена во 1954 година кога германската фудбалска репрезентација го освои Светското првенство во Adidas копачки. Денес Adidas е глобален гигант, а приказната на Даслер потсетува на една клучна работа: слушањето на купувачите не е опција, туку основа за успехот.

Витни Волф Херд (Bumble)

Откако во 2014 година го напушти Tinder и излезе од токсична врска, Витни Волф Херд одлучи да направи поинаков производ, апликација за запознавање која ги зајакнува жените. Така настана Bumble, платформа на која жените го прават првиот чекор.

„Во светот во кој жените напредуваат во работата, динамиката на дејтувањето остана застарена“, напиша Волф Херд.

Апликацијата брзо стекна популарност, особено кај студентите, и веќе во првиот месец имаше 100.000 преземања. Како што растеше платформата, Волф Херд продолжи да го гради брендот околу вредностите: родовата еднаквост и борбата против вознемирувањето. Таа воведе функции за блокирање на несоодветна содржина и дури учествуваше во иницијативата во Тексас да се усвои закон против испраќање на несакани експлицитни фотографии.

Нејзината приказна покажува колку личното искуство и јасната мисија можат да бидат силен темел на бизнисот.

Мелани Перкинс (Canva)

Додека работела како предавач по дизајн во Австралија, Мелани Перкинс воочила голем проблем – алатките за графички дизајн биле комплицирани и скапи. Таа се запрашала: може ли ова да биде поедноставно?

Нејзината идеја за достапна, онлајн алатка за дизајн во почетокот била одбиена повеќе од 100 пати. Дури по три години пичинг (pitching), Canva ја доби својата прва инвестиција. Клучниот момент бил кога го променила начинот на претставување на идејата се фокусирала на проблемот кој сите го разбираат, а не на техничкото решение.

Денес Canva има десетици милиони корисници ширум светот. Оваа приказна јасно покажува: не е доволно да имате добра идеја, мора да знаете и да ја објасните. И, уште поважно, да ги издржите одбивањата.

Нил Блументал и тимот (Warby Parker)

Идејата за Warby Parker настана од личен проблем – скапи очила. Кога Блументал ги изгубил своите, не сакал да купи нови поради високите цени. Решението? Онлајн продажба на квалитетни, но достапни очила.

Заедно со колегите започнал бизнис кој набрзо стана хит особено откако магазинот GQ го нарече „Netflix за очила“. Интересот бил толку голем што веќе во првите недели го надминале годишниот цел за продажба, иако немале ни опција „распродадено“ на сајтот.

Warby Parker се издвои благодарение на онлајн моделот на продажба, достапните цени, можноста купувачите да ги пробаат очилата дома и општествено одговорниот модел (еден купен пар = еден дониран). До 2019 година донирале милион пара очила.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.