Во Тоскана постои вила за сите на кои им е преку глава од луѓе и бучава

Во време кога распоредите се преполни со состаноци, нотификации и постојана достапност, сè повеќе луѓе бараат нешто што некогаш беше сосема обично – мир.

toskana-5994-fi

Извор: Unsplash

Токму затоа, вниманието на патниците од целиот свет го привлекува Villa Pienza, приватна луксузна вила сместена во срцето на областа Val d’Orcia, еден од најубавите и најфотографираните делови на Тоскана. Окружена со зелени ридови, чемпреси и пејзажи кои изгледаат како кадар од филм, оваа вила нуди потполно поинакво искуство на одмор побавен ритам на живот, приватност и бегство од секојдневната врева.

Од рушевина до луксузно прибежиште

Денешната Villa Pienza не изгледала отсекогаш вака. Објектот во 1999 година го купиле две сестри, кои наредните шест години ги посветиле на неговата обнова. Целта не била да се создаде уште едно обично луксузно сместување, туку да се зачува духот на традиционалната тосканска архитектура.

Поради тоа, задржани се старите дабови подови, користени се природни материјали, меки земјени нијанси и рачно насликани плочки, создавајќи простор кој ги спојува автентичноста и современиот комфор.

Луксуз кој не подразбира гламур

Вилата денес располага со загреан базен, синергетска градина, теретана и простран ентериер уреден во духот на таканаречениот cottagecore стил, кој го слави поедноставниот и поспор начин на живот. Се изнајмува во целост и може да прими до 12 лица, најчесто на период од една недела.

Меѓутоа, она поради кое Villa Pienza стана посебно барана меѓу патниците не е само луксузот, туку чувството на целосно повлекување од секојдневието.

Нов тренд: Луксузот станува синоним за мир

Туристичките експерти во последните години забележуваат сериозен раст на таканаречениот escape travel концепт, патувања чија главна цел е целосно исклучување од секојдневниот стрес и дигиталната преоптовареност.

За многу деловни луѓе, претприемачи и вработени во динамични индустрии, најголемиот луксуз веќе не се ексклузивните ресторани или гламурозните содржини, туку местото на кое можат да поминат неколку дена без гужви, бучава и постојани обврски. А Villa Pienza го нуди токму она што денес станува сè повредно, простор на момент да се забави и да се заборават сите оние пораки кои, всушност, не се итни.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.