Tехнологија

Ако сте инсталирале iOS 27, а новата верзија сепак не ви се допаднала, сега повеќе нема едноставен начин да се вратите на претходниот систем. Apple престана да го потпишува iOS 26.6.2, со што
Ако користите Google Messages, можно е наскоро да забележите дека некои познати движења со прстот повеќе не функционираат онака како што сте навикнати Google почна пошироко да воведува промена во начинот на кој во разговорите се прикажува времето…
Првиот ден на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026 во Скопје започна во знакот на она што е и суштината на овогодинешното издание – спојот меѓу технологијата и човечкиот…

Повеќе

Без разлика дали нуркаш во морските длабочини, планинариш низ густите шуми или леташ со параглајдер, вистинските моменти треба да се овековечат низ објектив. Добрата акциона камера ги претвора тие мигови во трајни спомени, со снимки што изгледаат како од филм. Затоа WebMind ги избира петте најдобри камери за лето 2025, меѓу кои доминираат GoPro моделите создадени да го следат секое твое движење, без разлика на теренот и временските услови.
Планот на компанијата META да изгради еден од најголемите AI мегацентри во светот, во Луизијана, под името Hyperion, отвора сериозни прашања за одржливоста на енергетската потрошувачка во ерата на вештачката интелигенција. Инфраструктурата што се мери во гигавати станува новото лице на дигиталната трансформација но и потенцијална закана за енергетскиот баланс на заедниците.
Нашето внимание често го привлекуваат алатки кои ветуваат спектакл, но вистинската вредност ја носат оние кои тивко решаваат конкретни задачи. Претставуваме избор на помалку познати, но исклучително корисни AI решенија од оние кои автоматизираат поддршка на WhatsApp, до платформи кои дизајнот го претвораат во функционален код или им помагаат на лица со оштетен вид. Решенијата се наменети за оние кои сакаат ефикасност, брзина и практичност во работата и секојдневието.
Технолошките гиганти Google и Meta инвестираат милијарди долари во мрежа на подморски кабли, создавајќи сопствени глобални патишта за пренос на податоци што ги заобиколуваат геополитичките тензии и класичните телекомуникациски провајдери. Овие кабли не се само инфраструктурни проекти, туку клучен дел од новата дигитална стратегија.
Meta се повлече од потпишување на ЕУ Кодексот на практика за модели на вештачка интелигенција од општа намена, тврдејќи дека предложената рамка ги надминува законските граници и претставува закана за иновациите. Нивниот потег го отвора клучното прашање: каде е границата помеѓу регулацијата и задушувањето на развојот на вештачката интелигенција?.
Во трката за глобална доминација во генеративната вештачка интелигенција, стартапот Perplexity се определува за Индија. Додека OpenAI бележи приходи од милијарди долари, Perplexity применува сосема поинаков пристап: масовна дистрибуција, локални партнери и бесплатен Pro-пристап за стотици милиони корисници. Дали овој модел може да ја смени играта?