Ако мислевте дека ништо повеќе не може да ви се вметне во животот… почекајте да чуете за ова.
Чипот под вашата кожа би можел наскоро да стане вашиот нов паричник, лична карта и здравствена книшка. Tехнологија што до неодамна звучеше како научна фантастика денес станува реалност низ се повеќе земји во Европа. Биометриските импланти, големи колку зрно ориз, се вградуваат најчесто под кожата на раката и служат како дигитален клуч за идентификација, плаќање, пристап до објекти или лични податоци.
Пионер на оваа технологија е Jowan Österlund, шведски биохакер и основач на Biohax International со идеја да се елиминираат потребата од картонски документи, паричници и носени уреди.
Неговата визија гласи:
„Твоето тело да стане твојот дигитален идентитет.“
Технологијата, која започна како експеримент во 2015г во Шведска, денес веќе е дел од реални проекти низ Европа, и потенцијално иднината општеството.
Првите комерцијални примери доаѓаат од Шведска, каде што повеќе од 6.000 луѓе веќе имаат имплантиран чип. Компаниите како Biohax International и Dsruptive Subdermals активно развиваат нови генерации чипови што овозможуваат и NFC плаќање преку POS терминали, без потреба од телефон или картичка, отворање врати, проверка на идентитет, дури и дигитално складирање на медицински податоци.
Според истражувањето на Statista (2024), дури 12% од младите во Северна Европа се подготвени да размислат за вградување на чип доколку тоа им ја олесни секојдневната интеракција со дигиталните услуги.
Технологијата веќе се тестира и во Германија, Холандија и Франција, како алтернатива на физички документи за идентификација или картички за пристап.
Но со ова се отвораат и сериозни прашања за приватноста. Дигиталниот чип под кожа може да биде моќна алатка, но и потенцијално средство за постојан надзор. Правни експерти и активисти за приватност предупредуваат дека мора да се постават јасни правни рамки и регулативи пред оваа технологија да стане масовно достапна. Микро чиповите под кожа се само дел од новата ера на биометриска идентификација.
Колку блиску може да се поврзат чивекот и технологијата?
Дали ова ќе биде крајот на паролите, документи и паричници, или почеток на уште поинтимен надзор врз нашите животи?
Една работа е сигурна: чиповите доаѓаат и прашањето е кој ќе ги контролира податоците што ги носиме во себе.
Webmind редакција