Технологија

Повеќе

Ако забележите дека телефонот ви е топол додека се полни, играте видеоигри или снимате видео, нема причина за паника. Сепак, ако уредот често се прегрева, сам се исклучува или станува непријатно жежок на допир, тоа може да укажува на посериозен проблем. Еве зошто доаѓа до загревање и како можете да го заштитите вашиот уред.
Ако некогаш сте застанале и сте размислиле за тоа како се викаат најпознатите технолошки производи, можеби сте забележале необичен шаблон. Apple го претстави iPhone 8, а потоа веднаш премина на iPhone X. Microsoft од Windows 8 скокна директно на Windows 10. Samsung од Galaxy Note 8 премина на Note 9, но веќе следната година ја укина целата Note линија. Каде исчезна фамозниот број 9?
Бавниот интернет не е секогаш вина на вашиот оператор. Понекогаш причината се крие во вашиот дом и тоа на места каде што никогаш не би ја барале. Од микробранова печка и аквариум, преку огледала, па сè до зимското невреме, многу секојдневни работи можат сериозно да го ослабнат Wi-Fi сигналот.
Вештачката интелигенција денес повеќе не е најголемиот предизвик сама по себе предизвик е инфраструктурата која ја движи. Секој нов AI модел, секоја генерирана слика, преведен документ или одговор на четбот бара огромна компјутерска моќ, а зад сè стојат дата центри кои трошат неверојатни количини електрична енергија и вода.
Компанијата Kaspersky објави извештај за злоупотреба овозможена со технологија (tech-enabled abuse), заснован на глобално истражување*, кое покажува дека 45,7% од испитаниците доживеале најмалку еден облик на таква злоупотреба во текот на претходните 12 месеци. Сепак, само 32% од луѓето точно го разбираат значењето на овој поим. Извештајот исто така содржи анализа на понудата за услуги на следење (уходење) на дарк веб, како и клучни увиди во развојот на заканите поврзани со stalkerware софтверот, кој во периодот 2024–2025 година погодил повеќе од 34.000 корисници.
Во ера на нотификации, вниманието станува прашање на живот. A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот. Зошто токму оваа кампања останува во глава и по гледањето?
All articles loaded
No more articles to load