Електронскиот отпад или е-отпадот денес е еден од најголемите еколошки проблеми во светот, за кој експертите и меѓународните организации предупредуваат со години, додека конкретни резултати и понатаму недостигаат. Под е-отпад се подразбираат сите отфрлени електрични и електронски уреди кои имаат батерија или приклучок за струја и содржат опасни материи како жива, олово и кадмиум.
телефони
Повеќе
Додека милиони Европејци се подготвуваат за велигденскиот викенд, новото истражување на компанијата Samsung покажува дека јавните простори станаа „заеднички екрани“: 56% од испитаниците наведуваат дека случајно погледнале во телефонот на непознато лице, додека јавниот превоз се издвојува како место каде што е најлесно да се забележи туѓ екран (57%). Речиси секој четврти Европеец (24%) признава дека од љубопитност погледнал во туѓ телефон, при што се изложува низа приватни содржини, од лични фотографии до банкарски податоци.
Дури и кога сте километри далеку, на некоја тропска плажа, телефонот во вашиот џеб може да тежи повеќе отколку што изгледа. Непрекинатите нотификации од деловни мејлови и групни разговори создаваат чувство дека никогаш навистина не сте „отпатувале“. Тоа е како да носите дигитален куфер полн со стрес од секојдневието без да забележите дека сте го спакувале.
Се чини дека водечкиот модел на iPhone се соочува со потешкотии во задржувањето на корисниците на Apple. iPhone 17 Pro Max, кој беше лансиран во септември, предизвика голем интерес при претставувањето, но реакциите на корисниците во последните неколку месеци тргнаа во неочекуван правец.
Новата година секогаш е супер момент за нов почеток, нов стил и нова енергија. А, ако постои подарок под елката што многумина навистина ќе ги остави без зборови, тоа е Samsung телефон на преклоп. Последната серија Galaxy Z и нејзините модели Fold7 и Flip7 не се само телефони, туку уреди што го следат ритамот, креативноста и сечиј начин на изразување. Совршени за сите што сакаат повеќе од обично, токму како што и празниците заслужуваат.
Повеќе од 1.400 лекари, научници и стручњаци од Холандија јавно побараа на децата под 14-годишна возраст законски да им се забрани користење на паметни телефони. Во драматично отворено писмо до холандската влада, тие предупредуваат дека дигиталните уреди и социјалните мрежи можат трајно да го нарушат развојот на детскиот мозок и да го зголемат ризикот од зависност, анксиозност и депресија.
All articles loaded
No more articles to load