стратегија

Повеќе

Во 2018 година, стоев во самото срце на историската одлука на Малта да го регулира блокчејнот. Како прва земја во светот што усвои сеопфатна законска рамка за дистрибуирани технологии, Малта не бркаше насловни страници туку таа поставуваше темели. Денес, додека Македонија ја трасира својата дигитална трансформација, препознавам ехо од тој момент и ретка шанса за вистинско лидерство.
Ако некој ви каже дека видео-игрите се губење време, очигледно никогаш не предводел тим од 40 луѓе во World of Warcraft raid или не се обидел да ја премине Америка во играта Oregon Trail со ограничени ресурси. Кога се играат на правилен начин, видео-игрите можат да понудат повредни лекции за тимска работа и менаџмент отколку поголемиот дел од деловните курсеви. Не велам дека треба веднаш да внесете PlayStation во канцеларија (иако, зошто да не?), туку треба да признаеме дека игрите всушност се софистицирани симулатори.
Кога компаниите го градат својот бренд идентитет, дизајн систем или сет на визуелни стандарди, често паѓаат во истата замка: од старт тргнуваат со грандиозен master план, со купови документација и строги правила за буквално сè.
Замислете место до кое не води ниту еден пат. Нема автопат, нема железница, нема асфалт – само реката Јукон и мал авион, кога тоа го дозволуваат временските услови. Така изгледа Галена, село во срцето на Алјаска, кое, и покрај снеговите и ледените зими, пронашло начин да не троши нафта која не ја ни поседува.
All articles loaded
No more articles to load