На сцената на The Economist MeetUp – ‘The World Ahead 2026’, каде што се дебатираа предвидувањата за глобалната, но и локална економија, д-р Катерина Бошевска донесе нешто повеќе од само теорија – донесе рекордни резултати.
The Economist MeetUp 2026
Повеќе
Рударството останува еден од тивките, но суштински столбови на македонската економија, со значаен удел во извозот, индустриското производство и вработеноста, особено во регионите надвор од големите урбани центри. Во услови на глобална енергетска транзиција и растечка побарувачка за стратешки метали, македонското рударство сè повеќе се позиционира како дел од пошироките европски и светски синџири на вредност.
Со силни пораки, визионерски дискусии и присуство на најрелевантните носители на одлуки, годинашното издание на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 официјално се заокружи како најпрестижната бизнис и економска конференција одржана во земјава оваа година.
На денешната конференција The Economist MeetUp: The World Ahead 2026, вториот панел „Предизвици на пазарот на труд – талент, технологија, трансформација“ ги отвори клучните прашања за иднината на пазарот на трудот, посочувајќи на предизвиците во Македонија поврзани со недостигот на кадар, технолошките промени и зголемените очекувања на вработените. Беше нагласено дека компаниите сè повеќе се насочуваат кон организациска култура, развој на вработените и квалитетна работна средина, наместо исклучиво кон платите.
Под мотото на глобалните промени и новата економска архитектура, денеска во Скопје започна годишниот Economist MeetUp: The World Ahead 2026. Настанот, кој ги обедини клучните чинители на макроекономскиот развој, беше отворен од страна на организаторите со јасна порака: иднината не треба само да се предвидува, туку активно да се креира преку стратешки дијалог меѓу институциите и бизнис секторот.
Во пресрет на 2026 година, македонскиот пазар на труд се соочува со парадокс: технологиите никогаш не биле понапредни, а квалификуваниот кадар никогаш потешко достапен. Дали ерата на „лојалност за плата“ дефинитивно заврши?
All articles loaded
No more articles to load