openAI

Повеќе

OpenAI најави дека планира тестирање на реклами во ChatGPT во САД, најпрво на бесплатниот модел и во рамки на ChatGPT Go, додека Plus, Pro, Business и Enterprise ќе останат без реклами. Од компанијата порачуваат дека огласувањето треба да помогне повеќе луѓе да добијат поширок пристап и помалку ограничувања, без обврска да преминат на претплата.
Во САД е покренат бран тужби против OpenAI поради тврдења дека ChatGPT, преку манипулативни и претерано афирмативни разговори, придонел кон самоубиства и тешки психози кај седум лица.
Со новиот пребарувач Atlas, компанијата OpenAI му конкурира на Google и – барем симболично – има намера да стане своеврсен Атлас од грчката митологија што го „држи“ интернетот. Наместо класичен список со линкови, Atlas нуди AI-нативен начин на движење низ вебот, со сумирање на извори, контекстуално пребарување и извршување задачи во ваше име. Овој пристап означува нова фаза во еволуцијата на пребарувањето: од едноставно пронаоѓање информации, кон интелигентно разбирање и користење на целиот интернет како интерактивен асистент.
Неколку еуфорични објави од екосистемот на OpenAI, кои сугерираа дека GPT-5 „решил“ нерешени математички проблеми, брзо се претворија во репутациски пад.
Интернетот е полн со теории на заговор, од кои поголемиот дел брзо се разобличуваат како неосновани. Сепак, некои успеваат да опстанат, а една од нив е „теоријата за мртов интернет“, која повторно стана актуелна поради неодамнешните коментари на Сем Алтман, генералниот директор на OpenAI – компанијата што стои зад ChatGPT.
All articles loaded
No more articles to load