NewBiz

Повеќе

Дали размислуваш за проширување на својот бизнис надвор од границите? Што ако можеш да регистрираш компанија во САД, без притоа воопшто да не одиш таму? Во оваа епизода на New Biz Podcast, разговараме со Петар Тодоровски, основачот на Neubase, за тоа како претприемачи, фриленсери и старт-апи од целиот свет можат да основаат компанија во САД и легално да работат на глобалниот пазар.​
Во новата епизода на New Biz Podcast разговараме со Љубица Крстевска, лидер во полето на сајбер безбедноста и претседател на Women4Cyber Македонија. Како нејзината лична приказна прерасна во национална иницијатива? Дали сајбер безбедноста е само IT или вклучува и право, социологија и управување со ризици? Какви кариерни можности постојат во оваа брзорастечка индустрија и зошто е важно повеќе жени да се вклучат?​
Ако сакаш да инвестираш, треба да знаеш зошто. Дали е потребен талент за инвестирање или сè се учи? Вистината е дека најголемиот ризик е непреземањето ризик. Ако си помлад – биди похрабар, ризикувај повеќе! ​
Во епизода #7 од New Biz Podcast, Милан Савов ни го раскажува својот пат од техничко лице до претприемач. Вели дека клучот е во организацијата, приоритетите и добрата комуникација со клиентите. Бизнис коучот му помогнал да се запознае себеси, а AI алатките ги користи паметно – таму каде што човечкиот фактор не е критичен.​
Марија Ристовска ни открива како од Grouper и Work & Travel USA стигна до Асоцијацијата за е-трговија и на чело на Алијансата за родова еднаквост. Ковид кризата го забрза растот на е-трговијата во Македонија, а влезот на големите е-комерц платформи како Temu го стимулира онлајн купувањето. Дали отворањето е-продавница значи само Facebook или Instagram страница или вистинскиот процес е многу покомплексен?​
Во втората епизода на #NewBizPodcast зборуваме за нова технологија со која машините можат да чувствуваат и самостојно да учат. Идејата за таквата технологија тргнува од Македонија.
All articles loaded
No more articles to load