Светот го одбележа Меѓународниот ден на кафето. Ние го искористивме поводот за да поставиме едно поважно прашање: како всушност ги започнуваме нашите денови?
lifestyle
Повеќе
Постојат денови кога е доволно да го облечеме омиленото сако, фустан или дури и стариот џемпер за да се почувствуваме малку поинаку. Токму оваа поврзаност меѓу облеката и емоциите ја истражува wearapy, концепт од модната психологија кој поаѓа од идејата дека гардеробата не ја избираме само според тоа како сакаме да изгледаме, туку и според тоа како сакаме да се чувствуваме.
Дизајнерска чанта, скап часовник или егзотично патување долго време беа првите асоцијации за луксуз. Денес, таа претстава полека се менува. Наместо едно големо купување, сè почесто избираме мали задоволства што можеме да си ги дозволиме почесто. Добро кафе, нов парфем, квалитетен кармин, букет цвеќе, вечера во омилениот ресторан или викенд надвор од градот стануваат мали луксузи на секојдневието.
Ако во последните неколку години сте имале чувство дека дури и одморот треба да биде продуктивен, веројатно сте забележале колку секојдневниот живот се претвори во низа мали цели. Колку чекори сте направиле, колку часа сте спиеле, што сте јаделе, колку сте вежбале и дали доволно долго сте биле без телефон сè може да се мери, следи и подобрува.
Некогаш одењето во ресторан, кино или на изложба без друштво се сметаше за необично. Денес ситуацијата е целосно поинаква. Сè повеќе жени свесно избираат да поминуваат дел од времето сами не затоа што немаат со кого, туку затоа што сакаат да уживаат во сопственото друштво.
Да бидеме реални. Туркањето по трговски центри, барањето паркинг и нервозното чекање редици пред кабина одамна престанаа да бидат забавни. Во ера каде што времето е најскапата валута, физичкиот шопинг често е непотребно трошење енергија.
All articles loaded
No more articles to load