Chatgpt

Повеќе

OpenAI ненадејно воведе нова, експериментална функција наречена Study Together, која го трансформира ChatGPT од пасивен давател на одговори во активен, интерактивен ментор и потенцијално групен „study buddy“ (ученички партнер). Оваа опција моментално е достапна само за одредени корисници, а оваа функција навестува нова ера во образованието со поддршка од вештачка интелигенција.
Вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од секојдневието, но експертите од американскиот технолошки портал CNET (Computer Network) предупредуваат дека популарниот AI четбот ChatGPT не е решение за сè. Порталот неодамна објави листа од 11 ситуации во кои користењето на ChatGPT може да биде ризично или контрапродуктивно.
Бројот на нови почетнички работни места е намален за речиси една третина откако ChatGPT беше лансиран во ноември 2022 година. Според пишувањето на The Times, бројот на огласи за пракси, работни места за дипломци и почетнички позиции за кои не е потребна диплома е опаднат за 31,9%.
DALL·E 3, интегрирана во ChatGPT, и Freepik Picasso AI се две широко достапни и популарни алатки за генерирање слики со помош на вештачка интелигенција. Иако на пазарот постојат и други, технички понапредни решенија, се фокусиравме на овие две бидејќи се едноставни за користење и практични за комерцијална употреба. Ги тестиравме со идентичен опис (prompt) за да ја споредиме нивната креативност, реализам и корисничко искуство.
Вирална снимка од YouTube го открила наводниот „мастер план“ на ChatGPT за преземање на светот: започнува со тоа што станува премногу корисен за да живееме без него, а завршува со доброволно предавање на контрола. Додека стручњаците потсетуваат дека станува збор за хипотетичко сценарио, планот потсеќа на патеката по која генеративниот AI веќе се движи.
All articles loaded
No more articles to load