Една од најактуелните теми на самиот настан ја отвори Петер Ќук – извршен директор на Mediaboard, кој на сцената донесе свеж одговор на прашањето што со децении ја мачи ПР индустријата: како да се докаже вистинската вредност на односите со јавноста? Со долгогодишно искуство во медиумски анализи и мерење на комуникациско влијание Петар Ќук го претстави PRIMe – нова метрика базирана на вештачка интелигенција што ветува целосна трансформација на начинот на кој се мери и разбира ефектот на ПР.
Ai
Повеќе
На TikTok сè поголемо внимание е насочено кон Glam AI, апликација која користи вештачка интелигенција за креирање фотографии и кратки видео содржини. Идејата е едноставна: корисникот поставува своја слика, а алгоритмот ја трансформира во визуелно атрактивни верзии со ефекти кои потсетуваат на професионално фото-снимање. Бројните филтри, анимации и можноста за менување позадини ја направија апликацијата популарна меѓу помладата публика и креаторите на содржини кои сакаат брзи и впечатливи резултати.
Масовните отпуштања поради навлегувањето на AI технологијата создаваат страв кај луѓето дека нивните работни места ќе станат излишни. Како да се изберат студии и кариера кога постојано живееме во страв дека ќе бидеме заменети? Двајца истражувачи од MIT Sloan помогнаа да се промени перспективата, а нивната работа им даде надеж на луѓето.
Употребата на вештачка интелигенција во пишувањето код го забрзува развојот на софтвер, но ги менува улогите во тимовите, а искусните програмери сè почесто стануваат надзорници и коректори на AI алатките. И покрај предизвиците и ризиците, многумина тврдат дека предностите далеку ги надминуваат недостатоците.
Истражување на Универзитетот Пенсилванија открива дека современите AI модели лесно можат да бидат „измамени“ со класични психолошки трикови како ласкање, групен притисок и лажен авторитет. Резултатите отвораат сериозни прашања за безбедноста и доверливоста на системите што ги користиме секојдневно.
Европскиот стартап Mistral AI, со седиште во Париз, за кратко време се проби во самиот врв на индустријата за вештачка интелигенција. По новите инвестиции и развојот на алатката „Le Chat“, сè почесто се поставува прашањето, дали овој француски конкурент може сериозно да ја загрози доминацијата на американскиот ChatGPT?
All articles loaded
No more articles to load