Џејми Дајмон предупредува: Светот влегува во ера на неизвесност со АI, војни и нови пазарни правила

Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, во своето годишно писмо до акционерите испрати јасна порака: глобалната економија влегува во период на сериозна неизвесност, под притисок на геополитиката, вештачката интелигенција и промените на финансиските пазари.

dzejmi-5547-fi

Извор: Freepik

Дајмон, по повод 250 години од основањето на Соединетите Американски Држави, повика на „повторно посветување на основните вредности“ слободата, можностите и лидерството. Сепак, тој нагласи дека предизвиците денес се бројни и комплексни.

На врвот на листата се глобалните конфликти војната во Украина, тензиите со Иран и пошироките нестабилности на Блискиот Исток, како и растечките тензии со Кина. Според неговите зборови, токму исходот од овие настани во голема мера ќе го одреди идниот економски поредок.

Инфлација и нестабилност

Покрај геополитиката, Дајмон укажува и на упорната инфлација, нестабилноста на приватните пазари на капитал и, како што вели, лошо поставените банкарски регулативи. Тој особено ги критикуваше новите регулаторни предлози како Basel III Endgame и дополнителните давачки за системски важните банки, оценувајќи некои нивни делови како „бесмислени“.

„Ваквите правила можат да го направат финансискиот систем послаб и да го намалат кредитирањето на стопанството“, предупреди Дајмон, додавајќи дека одредени банки би морале да држат и до 50% повеќе капитал во однос на конкуренцијата за исти видови кредити.

Големо внимание посвети и на приватните пазари, каде што гледа потенцијални проблеми поради недостатокот на транспарентност и реално вреднување на ризикот. Како што вели, тоа може да доведе до ненадејни повлекувања на капиталот и дополнителен притисок врз финансискиот систем.

Вештачка интелигенција: Трансформација со прашалници

Кога станува збор за вештачката интелигенција, Дајмон не го доведува во прашање нејзиното значење, напротив. Смета дека AI ќе има трансформативно влијание врз економијата и работењето, но предупредува дека е невозможно да се предвиди кој ќе излезе како победник од оваа технолошка трка.

„Ова не е меур, вложувањата во AI ќе донесат конкретни придобивки. Но, сè уште не знаеме кои се идните добитници и губитници“, порача тој.

JPMorgan Chase веќе активно имплементира AI во своето работење, вклучувајќи автоматизација на процесите и унапредување на услугите за клиентите. Истовремено, Дајмон предупредува дека ваквите технолошки промени имаат и подлабоки, долгорочни последици по општеството кои дури тепва треба да се разберат.

Заклучокот на неговото писмо е јасен: светот влегува во фаза на големи промени, каде што се преплетуваат политиката, технологијата и економијата, а компаниите кои сакаат да опстанат ќе мора брзо да се прилагодат, но и внимателно да ги следат ризиците кои доаѓаат од сите страни.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.