Ai

Повеќе

YouTube тестира две нови функции базирани на вештачка интелигенција кои би можеле радикално да го променат начинот на кој пребаруваме, консумираме и комуницираме со содржината на платформата.
Првата епизода NewBizPodcast е инспирирана од lives на TikTok на кои се продаваат fake брендирани производи, од прашањето „Кој е сопственикот на уметничкото дело генерирано од вештачка интелигенција и чии се авторските права?“ но и од потребата да се знае како се заштитени правата на сите оние кои твореле, а со нивни дела се нахранети моделите на вештачка интелигенција.
Забавата каква што ја познаваме е на прагот на револуционерна промена, а главен сценарист на оваа трансформација е, кој ако не, вештачката интелигенција, која не само што препорачува содржина, туку сè повеќе учествува во нејзиното обликување, создавајќи искуства прилагодени на вкусот на секој поединец.
Замислете свет во кој секоја информација ви е на дофат на рака. Всушност, не мора ни да замислуваме, веќе живееме во таков свет. Благодарение на развојот на вештачката интелигенција, она што некогаш ни одземаше часови, па дури и денови, денес го завршуваме за неколку секунди. Пишуваме побрзо, пребаруваме поефикасно, планираме попрецизно, преведуваме речиси во истиот момент. Вештачката интелигенција (AI) стана нашиот тивок помошник на работа, во образованието, во секојдневието. Но, како секој моќен алат и таа бара одговорност.
Иако вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во светот на вработувањето и професионалните вештини, корисниците на LinkedIn сè уште се воздржани кога станува збор за користење на AI алатки за пишување објави. Зошто? Затоа што професионалниот имиџ не се препушта на алгоритам.
Извршниот директор на Amazon, Енди Џеси, ги повика своите вработени да ја прифатат вештачката интелигенција (AI), предупредувајќи дека оваа технологија во наредните години ќе доведе до значително намалување на корпоративната работна сила. Во допис упатен до персоналот, тој ги сподели своите предвидувања и апелираше до вработените „да бидат љубопитни за AI“, пренесува BBC.
All articles loaded
No more articles to load