Ai

Повеќе

Извршниот директор на Amazon, Енди Џеси, ги повика своите вработени да ја прифатат вештачката интелигенција (AI), предупредувајќи дека оваа технологија во наредните години ќе доведе до значително намалување на корпоративната работна сила. Во допис упатен до персоналот, тој ги сподели своите предвидувања и апелираше до вработените „да бидат љубопитни за AI“, пренесува BBC.
Додека големите технолошки гиганти и натаму ја држат доминантната позиција, сè повеќе експерти и организации предупредуваат на потребата од алтернатива позната како демократска вештачка интелигенција. Како што пишува TechNewsWorld, станува збор не само за техничка отвореност, туку за длабока промена во начинот на кој се развива, користи и контролира вештачката интелигенција.
Google започна да експериментира со функцијата „Аудио прегледи“ (Audio Overviews) за одредени пребарувања, објави компанијата во петокот. Оваа функција првпат беше претставена во NotebookLM – алатка на Google заснована на вештачка интелигенција, наменета за белешки и истражување.
Со завршувањето на првото издание на AI Week, меѓународниот фестивал за вештачка интелигенција, Белград и Нови Сад од 2 до 10 јуни станаа центри на технолошкиот напредок. Настанот беше организиран на дури 11 различни локации и привлече повеќе од илјада посетители.
Додека европските влади сe почесто зборуваат за дигитална независност, Nvidia реши да ја претвори таа идеја во реалност – и тоа во стил што наликува на научнофантастичен филм. Со нови AI-центри, суперкомпјутери и стратешки партнерства, Европа влегува во трката за развој на сопствена вештачка интелигенција, а Стариот континент никогаш не бил поблизу до сопствената верзија на „AI супермозок“.
All articles loaded
No more articles to load