корпоративна култура

Повеќе

Може ли да бидете толку поврзани со својата компанија што ќе почнете да го оправдувате дури и лошиот третман што го добивате во неа? Психолозите за овој образец на однесување го користат изразот „корпоративен Стокхолмски синдром“ феномен во кој вработениот развива силна лојалност кон работодавачот кој истовремено го исцрпува, омаловажува или занемарува.
Крајот на годината традиционално е период кога компаниите интензивно ги преиспитуваат своите резултати. Kомпаниите брзаат да ги „исполнат KPI-тата“, односно да покажат дека целите (вклучувајќи и employee engagement) формално се постигнати често без вистинска суштина зад тоа, се анализираат бројки и извештаи, а меѓу целите што често доаѓаат на ред во последен момент е и мерењето на ангажираноста на вработените. Во такви ситуации, организациите најчесто посегнуваат по веќе подготвени анкети, со стандардни прашања и уште еден линк што вработените треба да го пополнат.
Замислете ја сцената: наутро влегувате во лифтот на вашата зграда. Соседот стои покрај вас. Нема насмевка, нема кимнување со глава, нема „добро утро“. Тишина од вториот кат до приземје. Неколку часа подоцна, истиот тој човек седи во нечија канцеларија – можеби токму во вашата компанија. Прашањето е: дали неговото однесување е приватно или професионално? А уште поважно: дали се гради корпоративната култура на тим билдинзи – или токму во лифтот на зградата каде што живееме?
All articles loaded
No more articles to load