„Meal prep“ звучи одлично сè додека не сфатите дека неговата идеална верзија подразбира недела попладне, неколку часа во кујната, пет различни садови и доволно мотивација да подготвите храна за цела недела. Ако уште од самата помисла на тоа ви се нарачува храна за достава, имаме подобра идеја.
исхрана
Повеќе
Губењето килограми е една од најчестите цели на многу луѓе. Иако таа цел е достижна, истражувањата потврдуваат дека најголемиот предизвик всушност е постигнатата тежина да се одржи на долг рок. Веројатно сте забележале дека постојат безброј совети за слабеење, но значително помалку за периодот потоа. Токму тука започнува најважниот дел од процесот како да ги зачувате резултатите во кои сте вложиле толку многу труд.
Квалитетот на сонот зависи од бројни фактори, од нивото на стрес до вечерните навики, но експертите сè повеќе внимание посветуваат и на влијанието на исхраната. Новите сознанија укажуваат дека една хранлива состојка би можела да има клучна улога кога станува збор за квалитетен ноќен одмор – прехранбените влакна.
Конзервираната риба, која со години важеше за практична намирница што секогаш ја има во оставата, во последните месеци доживува големо враќање. Откако социјалните мрежи ги популаризираа таканаречените seacuterie даски – морска верзија на познатите charcuterie даски, со сардини, скуша, туна и други морски плодови од конзерва – нутриционистите сè почесто истакнуваат дека ваквата храна може да биде одличен избор за урамнотежена исхрана.
Во современото сфаќање на здравјето и холистичката поврзаност на сите системи во организмот, влакната се препознаени како една од најважните состојки во исхраната. Долго време улогата на влакната се сфаќаше само како поттик за варењето, но сега разбираме дека нивната важност е многу поголема.
Во современата исхрана често ја бараме суперхраната, додека наједноставните намирници, како што се зачините, ни се на дофат на рака. Во ајурведската традиција, која варењето го гледа како еден од темелите на здравјето, зачините не се само додаток на вкусот, туку клучна алатка за одржување на цревниот баланс, енергијата и менталната јасност.
All articles loaded
No more articles to load