Биткоин

Повеќе

Кога Мајкл ја изгубил лозинката за крипто паричникот, останал со само 43,6 биткоини, што пред единаесет години изнесувало околу пет илјади долари. Во меѓувреме вредноста растела, па сумата пораснала на околу три милиони долари.
Неодамнешното биткоин преполовување го намали бројот на „нови” биткоини на пазарот и допринесе за раст на цената.
Според податоците од Arkham, владата на САД поседува најголем дел криптовалути, заедно со Обединетото Кралство и Германија.
Британскиот компјутерски експерт Џејмс Хауелс, го изгубил хард-дискот на кој се наоѓале 7.500 биткоини (BTC), чијашто тековна вредност се проценува на половина милијарда долари. Тој покренал судски постапка со цел да го принуди Градскиот совет на градот Њупорт да му дозволи да пребарува депонија, на која верува дека се наоѓа.
Биткоинот (BTC) продолжува да расте и неговата моментална вредност е 70,280 долари, додека вкупната вредност на пазарот на криптовалути се приближува до 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 1,75% само во последните 24 часа. Глобалните крипто фондови забележаа рекордни нето одливи минатата недела, а главна вест е дека основачот на крипто берзата FTX е осуден на 25 години затвор.
Биткоинот неодамна доживеа невиден скок, за само седум дена порасна за 14,5%, на 20-месечен максимум од 41.130 долари до 4 декември. Ова движење предизвика поширока шпекулација и анализа особено во контекст на ликвидација на биткоин фјучерсите во вредност од 100 милиони долари. Меѓутоа, деталните испитувања го открија наративот кој се разликува од очекувањата, со фокус кој наместо на ликвидација на фјучерсите (Futures) се насочува кон активноста на спот пазарот (Spot Market).
All articles loaded
No more articles to load