Arkham, платформа за крипто интелигенција, претстави контролна табла која ги прикажува владите со најголеми крипто средства, пишува Cointelegraph. Со новите алатки за пребарување, поединците можат во реално време да ја следат состојбата и историјата на владините трансакции на криптовалути.
Според податоците кои ги следи Arkham, американската влада поседува најголем број биткоини, дури 212.847 BTC, во вредност од околу 15 милијарди долари на основа на тековните цени.
Освен BTC, американската влада исто така поседува околу 200 милиони долари во други криптовалути како што е Ethera (ETH), а имаат и од главните стабилни коини како што се USDC и Tether.
Владата на Обединетото Кралство која е на второ место, поседува 61.245 BTC вредни околу 4.5 милијарди долари. Германската влада поседува 49.858 BTC вредни околу 3.5 милијарди долари.
Објавувањето на податоци за тоа кои влади имаат најмногу биткоини е значајна пресвртница во транспарентноста за поседувањето на криптовалутите. Помина многу време откако јавноста беше запознаена со огромното поседување на BTC од страна на владата на САД.
Огласната табла исто така укажува на фактот дека САД продолжија да собираат биткоини во последните неколку години. Од почетокот на 2023 американската влада се стекнала со уште најмалку 5.000 BTC врз основа на Аркановите податоци и претходни извештаи.