алгоритам

Повеќе

На сите ни е добро познато чувството или целосното отсуство на чувство – на губење време на телефонот. Земете да проверите само една работа и пред да се освестите, веќе сте потрошиле цел час од животот листајќи TikTok или Instagram. Некаде помеѓу фотографиите на пријателите од одмор, препораките за нега на кожа и некој занимлив наслов, сте упаднале во временска дупка. Оваа навика стана толку вообичаена што доби и свое име: doomscrolling. Но, бидејќи сите работи имаат своја спротивност, за волја на космичката рамнотежа, постои и bloomscrolling.
Пресудата која би можела да го промени начинот на кој гледаме на социјалните мрежи пристигна од Лос Анџелес и носи порака која повеќе не може да се игнорира: одговорноста за менталното здравје на децата не може да биде само на родителите.
Инстаграм и другите социјални мрежи се полни со лажни профили и лажни фотографии кои прикажуваат идеализирани животи, од совршени патувања до инфлуенсери кои всушност не постојат.
Почетокот на 2026 остава впечаток дека гледаме бран на хаос во реално време. Протести, репресија и воени тензии стануваат содржина која постојано пристигнува на нашите екрани. Проблемот не е само што има насилство, туку како се снима, сече, дистрибуира и интерпретира преку алгоритми и вирусни наративи.
Вештачката интелигенција, платформите и регулацијата влегуваат во 2026 година со повеќе отворени прашања од кога било досега. Додека технолошките компании го забрзуваат темпото на иновации, јавноста, регулаторните тела и корисниците сè почесто се прашуваат каде е границата на одговорноста, кој го контролира дигиталниот простор и каква цена плаќа општеството за брзината на технолошкиот напредок.
Социјалните мрежи сè повеќе наликуваат на комбинација од телевизија и кориснички сервис. Луѓето одат таму за да проверуваат брендови и производи, да гледаат кратки формати што ги заменуваат класичните медиуми, а сè се одвива на телефон брзо, јавно и со малку трпение.
All articles loaded
No more articles to load