По хаосот на US Open, организаторите на Вимблдон одлучија да направат нешто што многумина ќе го наречат враќање кон тениската традиција инфлуенсерите од следниот турнир повеќе нема да добиваат медиумски акредитации.
Социјални мрежи
Повеќе
Rizz, delulu, aura… Токму кога помисливте дека сте ги поврзале конците и сте го совладале жаргонот на генерацијата Z, на интернет се појави нов збор кој се заканува, доколку не го разбирате, директно да ве лансира во статусот на таканаречен „Unc“ (скратено од uncle, термин со кој помладите генерации нарекуваат некого кој повеќе не е во тек и веќе не е „кул“).
Владата на Нов Зеланд ќе предложи закон со кој на децата помлади од 16 години би им било забрането користењето социјални мрежи, а платформите што нема да ги почитуваат правилата би можеле да се соочат со казни до 10 проценти од нивните глобални приходи.
Функцијата „Предложено за вас“ на Instagram со години е предмет на бројни теории. Од тврдења дека ги прикажува луѓето што тајно ви го гледаат профилот, до претпоставки дека меѓу предложените профили можете да ги пронајдете лицата со кои вашиот партнер наводно комуницира или флертува.
Пред да доминираат Facebook, Instagram и TikTok, постоеше MySpace платформа што им овозможи на корисниците за првпат сериозно да го персонализираат својот дигитален идентитет. Повеќе од две децении по лансирањето, некогашниот гигант меѓу социјалните мрежи повторно привлекува внимание: актуелните сопственици најавија дека планираат повторно да ја активираат платформата, иако деталите за тоа како би изгледал новиот MySpace сè уште не се познати.
На сите ни е добро познато чувството или целосното отсуство на чувство – на губење време на телефонот. Земете да проверите само една работа и пред да се освестите, веќе сте потрошиле цел час од животот листајќи TikTok или Instagram. Некаде помеѓу фотографиите на пријателите од одмор, препораките за нега на кожа и некој занимлив наслов, сте упаднале во временска дупка. Оваа навика стана толку вообичаена што доби и свое име: doomscrolling. Но, бидејќи сите работи имаат своја спротивност, за волја на космичката рамнотежа, постои и bloomscrolling.
All articles loaded
No more articles to load