Сè започнало со “свајп”: Ова се земјите каде што апликациите за запознавање доминираат

Апликациите за запознавање станаа секојдневен дел од животот ширум светот. Тие денес се глобално место за луѓе кои сакаат да искусат живот, љубов и сè помеѓу. Меѓутоа, некои земји ги користат овие апликации многу повеќе од другите, делумно поради културата и различните стилови на живот.

aplikacii-5299-fi

Извор: Unsplash

Оваа технологија сигурно го освои светот, но кои нации имаат најголем број корисници на овие апликации? И зошто луѓето во овие земји ги преферираат овие онлајн платформи? Погледнете ја листата:

10. Јужна Кореја

Во Јужна Кореја, долгите работни часови, стандардите за убавина и општествениот притисок околу партнерствата го прават комплициран процесот на запознавање. Апликациите нудат брзо запознавање и начин да се сретнат луѓе надвор од традиционалните мрежи.

9. Јужна Африка

Големите градови во Јужна Африка привлекуваат луѓе од различни региони и општествени слоеви. Апликациите им помагаат на корисниците да се снајдат во оваа разновидност, овозможувајќи им да се поврзат преку расни, културни и економски граници на начин што понекогаш не може да се постигне во offline просторите.

8. Франција

Француската репутација за романтика се пренесува и во дигиталниот свет. Вработените во градовите (особено Париз) ги користат апликациите за да го балансираат работата, социјалниот живот и врските. Често ги комбинираат случајните флертувања со искрена потрага по емоционална длабочина.

7. Германија

Германците обично ги разделуваат работата и приватниот живот, што значи дека романсите во канцелариите се многу ретки. Апликациите функционираат како организирани социјални алатки, помагајќи им на луѓето да закажат состаноци со истата прецизност како што ги планираат работните состаноци или викенд патувањата.

6. Мексико

Многу млади Мексиканци се селат од помалите градови во големите градови како што се Мексико Сити или Монтереј. Апликациите за запознавање им помагаат да изградат социјални мрежи, да експериментираат со современи стилови на врски и да запознаат партнери без да се потпрат исклучиво на семејни препораки.

5. Бразил

На петтото место е Бразил. Живата култура и ноќниот живот на земјата сега се спојуваат со онлајн флертувањето. Брзата урбанизација и зголемените безбедносни грижи го направија дигиталниот простор погоден за започнување на разговори пред луѓето да се сретнат во живо.

4. Јапонија

Долгите работни часови и сè помалите offline социјални кругови го прават запознавањето спонтано во Јапонија потешко. Апликациите нудат структурирани, без стрес комуникации, особено за оние кои се чувствуваат попогодни пишувајќи отколку приоѓајќи на непознати.

3. Индија

Огромната популација на млади во Индија и растечката употреба на паметни телефони ја зголемуваат употребата на апликациите за запознавање. Многумина ги балансираат очекувањата од договорените бракови и личните желби, па ги користат платформите за да истражат опции додека сè уште ги земаат предвид семејните влијанија.

2. Соединетите Американски Држави

САД имаат долга историја на онлајн запознавање, од раните веб-сајтови до денешните апликации. Луѓето често се селат, работат на необични смени и живеат во градови зависни од автомобили, па „свајпувањето“ стана стандардни начин за запознавање партнер(и), па дури и пријатели.

1. Кина

Земјата со најмногу корисници на апликации за запознавање на светот е Кина, која ги комбинира огромните градови, интензивната работна култура и милионите неженети/немажени возрасни. Супер-апликациите и општествениот притисок за брак ги тераат луѓето на користење платформи за запознавање.

Извор: webmind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.