Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност. Настанот овозможи стручна презентација за инсталација на соларни и батериски системи, презентации на Фероинвест и Батери Еволушн кои нудат целосни услуги за овие два система, како и презентација на кредитната линија на Европската Инвестициска Банка (EIB7) за финансирање на вакви проекти.
Соларна енергија
Повеќе
Последниве неколку години, во нашата држава се прават значителни напори за подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на капацитетот на обновливи извори на енергија. Меѓу различните обновливи извори на енергија, соларната енергија се истакнува како клучен елемент во транзицијата на земјата кон поодржлива енергетска иднина.
All articles loaded
No more articles to load