Работа

Повеќе

Мелоди Вајлинг низ својата работа сретнала безброј вработени кои се чувствуваат фрустрирани: едни не разбираат што точно бара нивниот шеф, други се изоставени кога доаѓаат најинтересните проекти и унапредувања, а трети се гушат во канцелариската политика. Суштината, вели таа, најчесто е иста, не знаат како да „управуваат нагоре“.
Започнувањето бизнис никогаш не било подостапно отколку денес. Со ВИ алати кои се лесно достапни (често и бесплатни), доволно е малку креативност и волја за да се направи првиот чекор. Еве пет идеи што можеш да ги започнеш веднаш, без големи вложувања и комплицирани процедури.
Дури и за време на кафе паузите зборуваме за ВИ. Шала на страна. На неодамнешното Coffee break дружење разговаравме за тоа како лидерството еволуира во ерата на вештачката интелигенција. Две работи ми оставија најсилен впечаток. Првата ја цитирам: „Културата на учење е основа, културата на иновации е додаток“. Втората беше директно упатена кон лидерите: немојте воведувањето на ВИ алатки да го претставувате како заштеда, бидејќи кај нас поимот „заштеда“ значи дека нешто е вишок – а кога зборуваме за ВИ, вишок се луѓето.
Дали вештачката интелигенција ќе нè замени или ќе нè направи покреативни? Ова прашање беше во центарот на инспиративното предавање на Џејмс Тејлор, светски познат говорник за креативност и иновации, кој настапи на Weekend Media Festival во Ровињ.
Во Јапонија, пиењето пијалак со клиенти или колеги се смета за знак на лојалност кон компанијата и се гледа како „дел од работата“. Одбивањето пијалак од шефот се смета за навреда и може да „оштети“ нечива кариера.
Во Германија моментално се отворени повеќе од еден милион работни места, во Велика Британија околу 780.000, додека Франција бара над пола милион работници. Иако невработеноста во Европската Унија е сè уште висока, работа има но нема кој да ја работи.
All articles loaded
No more articles to load