Работа од дома

Повеќе

Во последните четири години сведочиме на големи промени во начинот на работа во компаниите, како во светот, така и кај нас. Денес, повеќе од три години од почетокот на пандемијата COVID-19 која беше најголем предизвикувач на овие промени, во голема мера се задржа хибридниот начин на работа. Во меѓувреме, во светот се случува рапиден раст на нов пазар – пазарот на паметни канцеларии кои овозможуваат SMART WORK и значително го унапредуваат хибридниот режим на работа. Еве зошто SMART WORK веќе денес е новата нормалност во светот.
Европа е најдобриот континент за работа од далечина, заземајќи ги првите 10 места од вкупното рангирање. Иако северните земји се покажаа најуспешни, Португалија се истакна како најпрофитабилна дестинација.
Во повеќегодишната дебата за далечинското работење, надредените честопати беа најгласните и најодлучните застапници за враќање во канцеларијата. Но, всушност, многу шефови сакаат да работат од дома исто толку, ако не и повеќе од нивните вработени, според новото истражување на 3.000 американски работници и менаџери од софтверската компанија Checkr.
All articles loaded
No more articles to load