навики

Повеќе

На прв поглед, перфекционизмот делува како квалитет особина вредна за пофалба која нè мотивира да се усовршуваме и да напредуваме. Луѓето кои имаат високи стандарди главно добиваат пофалби поради својата посветеност, дисциплина и амбиција. Меѓутоа, она што изгледа како стремеж кон најдобрата верзија од себе станува непрекинат притисок кој носи исцрпеност и чувство дека ништо никогаш не е доволно добро. Во таа смисла, отпуштањето на перфекционизмот претставува токму ослободување од притисокот и прифаќање на поопуштен пристап.
Кога зборуваме за здравјето, најчесто мислиме на моментот кога веќе ќе се појави симптом. Болка во градите, замор кој не поминува, промена на кожата, прескокната контрола, анализа која ја одложуваме со месеци. Сепак, во развиените здравствени системи, особено во северна Европа, на здравјето сè помалку се гледа како на реакција на болест, а сè повеќе како на навика која се гради навреме.
Уморната, сива и беживотна кожа е еден од најчестите beauty проблеми, без оглед на годините и типот на кожата. Ако се прашувате како да го вратите сјајот на уморната кожа, важно е да знаете дека причината често не е само во производите кои ги користите, туку и во секојдневните навики.
Во времето на апликации, паметни часовници и бескрајни совети за здрав живот, грижата за себе сè почесто престанува да биде олеснување и станува уште една ставка на листата со обврски. И додека велнес трендовите ветуваат подобар сон, помалку стрес и повеќе баланс, за многумина стануваат дополнителен извор на притисок.
Евтино и лесно за учење, плетењето може да помогне во борбата против зависничките однесувања, како грицкање нокти и бесконечно скролање по социјалните мрежи, па сè до помош за луѓе кои се борат со тешки зависности. Единствениот „несакан ефект“? Премногу шалови и капи.
Триесеттите се фаза на свесно созревање во која здравјето почнува да бара доследност. Време е да престанете да се ослонувате на повремени корекции и санирање на последиците. Секојдневните здрави избори во овој животен период претставуваат зацврствување на темелите за иднината.
All articles loaded
No more articles to load