значење

Повеќе

Статистиките покажуваат дека на дневно ниво во просек донесуваме повеќе десетици илјади одлуки, почнувајќи од наједноставните како тоа дали наутро ќе пиеме кафе или чај, па сè до оние поважните со далеку поголемо влијание врз текот на нашиот живот: здравствените, деловните, партнерските, финансиските и кариерните одлуки. Одлуката е, во својата суштина, наш избор помеѓу две или повеќе опции кои ни се моментално на располагање или кои самите сме си ги обезбедиле.
Пред да прерасне во природна наука, математиката со векови била поврзувана со филозофија, астрологија и езотерија. Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од бројките и во нив откривале мистична симболика. Оттука и нумерологијата e древна вештина што ја истражува скриената димензија на бројките, за да ги дешифрира нашите сили, слабости и најдлабоки желби. Според ова учење, вашиот датум на раѓање открива многу за вас.
Компанијата е основана во 1915 година под името The London Rubber Company, а во 1929 година го менува името во Durex. Durex е еден од најпознатите и најкористени брендови во светот. Нивните производи се наоѓаат на полиците во супермаркетите, во бањите, па дури и во паричниците. Презервативите Durex се убедливо најпродавани во светот.
All articles loaded
No more articles to load