здрава исхрана

Повеќе

Растителните млека во последните неколку години станаа многу повеќе од алтернатива за оние што не консумираат кравјо млеко. Сè почесто ги избираат луѓе кои сакаат поедноставен начин на исхрана, помалку индустриски производи и поголема контрола врз тоа што секојдневно внесуваат во организмот.
Глобалниот глад се намалува трета година по ред, но експертите предупредуваат дека пред светот сè уште има долг пат до целта до 2030 година никој да не гладува.
Протеинот во последните години со причина е една од најчестите теми во светот на здравата исхрана. Доволниот внес на протеини придонесува за подолго чувство на ситост, постабилно ниво на енергија во текот на денот, подобро закрепнување по физичка активност и зачувување на мускулната маса, која природно опаѓа со годините. Освен тоа, протеините учествуваат во изградбата на кожата, косата, ноктите, хормоните и клетките на имунолошкиот систем. Меѓутоа, најголемиот предизвик е да се формира протеинско мени за секој ден, без комплицирани рецепти и скапи производи.
Трендовите во здравата исхрана се минливи, исто како и модата. Она што пред неколку години го купувавме од чиста љубопитност или воодушевување, денес често изгледа заборавено и малку смешно.
Во школскиот ранец, меѓу книгите и тетратките, секогаш има едно мало место што зборува многу повеќе од сендвич или ужинка. Тоа е местото за оброкот што ќе им даде сила, топлина и концентрација, особено во есенските и зимските денови.
All articles loaded
No more articles to load