Апликации

Повеќе

На TikTok сè поголемо внимание е насочено кон Glam AI, апликација која користи вештачка интелигенција за креирање фотографии и кратки видео содржини. Идејата е едноставна: корисникот поставува своја слика, а алгоритмот ја трансформира во визуелно атрактивни верзии со ефекти кои потсетуваат на професионално фото-снимање. Бројните филтри, анимации и можноста за менување позадини ја направија апликацијата популарна меѓу помладата публика и креаторите на содржини кои сакаат брзи и впечатливи резултати.
TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, започна да развива нова верзија на апликацијата наменета исклучиво за американскиот пазар, додека истовремено се подготвува за потенцијална продажба на американски инвеститори во согласност со новото законодавство.
300 милиони корисници, милијарди долари инвестиции, и сепак пораз… Некогаш Skype беше крал на видео повиците. Но тогаш на сцената излезе Zoom. Платформа која без бучна кампања и скапи реклами, тивко ја презеде круната на Skype.
Rakuten Viber најави низа нови функционалности дизајнирани да им помогнат на корисниците поефикасно да откриваат и комуницираат со мали претпријатија. Овие подобрувања се дел од Viber бизнис профилите, кои им овозможуваат на сопствениците на мали бизниси да одржуваат професионално присуство на Viber и да ги промовираат своите производи и услуги.
Години наназад споделувањето на телефонскиот број на WhatsApp носеше одредени ризици. Многу корисници (особено жени) го споделуваат својот број поради загриженост за приватноста и можноста да примаат несакани пораки или повици. Поради тоа, WhatsApp воведува нова функција.
OpenAI планира да им овозможи на корисниците да се најавуваат на разни апликации користејќи ги нивните ChatGPT профили, со што ќе се поедностави процесот на автентикација и ќе се зголеми интеграцијата на вештачката интелигенција во секојдневните дигитални алатки.
All articles loaded
No more articles to load