Тој му наложи му на Министерство за правда на САД да не го спроведува Законот за апликации контролирани од странски сопственици, кој беше усвоен во Конгресот и потпишан од претходниот претседател Џо Бајден. Законот бараше од 19 јануари TikTok да биде забранет во САД, освен ако компанијата сопственик на TikTok, ByteDance, не ја продаде апликацијата на купувач од Америка или на некој од сојузниците.
Предизвиците за бизнисите и креаторите
Иако забрана за TikTok во САД траеше само неколку часови, сепак негодувањето кај сопствениците на малите бизниси и креаторите на содржини во адвертајзинг и маркетинг индустриите сé уште не стивнува, пред сé поради импликациите со кои тие повторно можат да се соочат по истекот на овие 75 дена на одложување на оваа забрана.
За експертите од светот на маркетингот, финалната забрана не би се однесувала само на самата платформа, туку и на поширокото влијание врз претприемачите кои во голема мера се потпираат на TikTok. За нив TikTok претставува круцијален сегмент кој придонесува за нивниот раст.
Креаторите кои ги градат своите брендови и бизниси на TikTok секако дека работат и на план Б, изнаоѓајќи нови платформи или алтернативни начини за ангажирање на својата публика. Воопшто не е мал бројот на малите трговци за кои TikTok е местото каде го развиваат својот бизнис и заедницата на клиенти.
И маркетинг индустријата го потврдува истото. Алгоритмот на TikTok е речиси совршен да им помага на сопствениците на мали бизниси да станат вирални без големи буџети за маркетинг. Меѓутоа со можната конечна забрана, експертите од индустријата предупредуваат дека тоа би го нарушило успехот на илјадници бизниси, оставајќи ги без витална алатка за раст.