Од визија до реалност: ВИ стратегијата на Марк Закерберг и предизвиците во 2025

Сè или ништо е соодветна фраза за изминатата 2024 да се опише компанијата Meta која сите свои ресурси ги вложи во стратегијата за вештачка интелигенција (ВИ).

ai-strategija-2734-fi

Извор: Freepik

Во април 2024 Meta објави дека ги зголемува своите трошоци за дури 10 милијарди долари за тековната 2024 година за поддршка на инфраструктурни инвестиции за своите ВИ напори. Иако оваа најава предизвика пад на акциите до 19% уште истата вечер, инвеститорите подоцна сепак го прифатија скапиот ВИ план на компанијата. Акциите на Meta достигнаа рекордна вредност на 11 декември, со зголемување од речиси 70% годинава до затворањето на берзата во петокот.

За Meta технологијата е клучна за обновување на онлајн рекламниот бизнис на компанијата, според зборовите на Закерберг,  додека ВИ е основа за поновите проекти на компанијата како што се паметните очила Ray-Ban Meta и експерименталниот Orion AR уред, за кои се предвидува дека би можеле да ја претставуваат „следната компјутерска платформа“.

ai-strategija-2734-ps1

Извор: Freepik

За разлика од поконвенционалните услуги на компанијата, како Instagram и Facebook, ВИ претставува инфраструктурна технологија која Закерберг сака да биде интегрирана во различните производи на Мета, особено бидејќи конкуренти како OpenAI продолжуваат да го освојуваат пазарот кај потрошувачите.

Додека семејството на GPT модели на ВИ од OpenAI ја напојува апликацијата ChatGPT, семејството Llama модели на ВИ од Meta ги поддржува поновите генеративни ВИ функции, како што е дигиталниот асистент Meta AI. Овој четбот претставува примарен начин за воведување на генеративните ВИ технологии на милијарди корисници.

Сеопфатниот пристап на Meta кон ВИ ги поттикна аналитичарите да предвидат дека компанијата е позиционирана за уште поголем успех во 2025 година, пренесува CNBS.  

Аналитичарите од Jefferies ја истакнаа Meta како водечки играч во генеративната вештачка интелигенција за 2025 година, наведувајќи ја нејзината огромна корисничка база како клучна платформа за воведување ВИ алатки. Truist Securities, исто така, прогнозира дека дигиталниот асистент Meta AI може да се натпреварува со пребарувачот на Google, додека социјалната мрежа има потенцијал за надпросечни резултати преку напредни ВИ четботи за деловни корисници. Според Jefferies, Meta има единствена можност да донесе генеративна ВИ до 4 милијарди корисници и 200 милиони бизниси преку своите апликации.

Растечката корисничка база на Meta AI

Meta AI има речиси 600 милиони активни корисници месечно, според изјавата на Закерберг во декември. Лансиран во 2023 година, четботот Meta AI е поставен во полето за пребарување на Instagram, Facebook, WhatsApp и Messenger, но нема посебна апликација, што го отежнува споредувањето со конкуренти како ChatGPT. Според  аналитичари, ChatGPT останува најпопуларен, а веб-страницата на Meta AI има помалку од 10 милиони посети месечно. Индија е најголемиот пазар за Meta AI, покажувајќи ветувачки знаци на ангажираност преку WhatsApp.

ai-strategija-2734-ps2

Извор: Freepik

Стратегијата на Meta за ВИ за огласувачите

Огласувањето сè уште е клучот за приходите на Meta која во декември изјави дека над 1 милион огласувачи ги користеле GenAI алатките на компанијата за да креираат повеќе од 15 милиони огласи во еден месец. „Проценуваме дека бизнисите кои користат генерирање слики забележуваат +7% зголемување на конверзиите,“ известија од Meta во тој период, во однос на функциите за генерирање слики.

Додека луѓето можеби ја поврзуваат генеративната ВИ со визуелно впечатливи и понекогаш надреални слики од популарни провајдери како Dall-E или Midjourney, поверојатно е дека просечниот мал бизнис огласувач ги користи GenAI алатките на Meta за посуптилни задачи, вели Стејси Рид, консултант за онлајн огласување и Facebook реклами, пишува CNBC. Тоа вклучува користење на ВИ за креирање повеќе верзии на насловот на еден оглас, автоматско прилагодување на големината на огласите за да изгледаат соодветно во апликациите Instagram и Facebook, како и преместување на одредени слики во огласите за да се подобри нивната ефективност.

Meta воведува едноставни GenAI алатки кои помагаат на огласувачите да го подобрат креирањето огласи, без директно да ги поврзуваат функциите со ВИ. Иако поголемите компании користат поспецифични маркетинг алатки, аналитичарите сметаат дека Meta успешно ги искористува своите ВИ решенија за да поттикне дополнителни инвестиции, дури и преку мали и постепени подобрувања. Имајќи предвид дека Meta доминира на пазарот за дигитални огласи заедно со Google.

Што следува за корпоративните иницијативи на Meta?

Aналитичарите предвидуваат дека Meta би можела да се насочи кон корпоративни технологии преку своите Llama AI модели. Според Џон Хегеман, шеф за монетизација на Meta, напредокот на Llama нуди значителни можности за бизнисите да ја зголемат ефикасноста и да ги подобрат услугите за клиентите.

Следниот чекор за Meta би можел да биде проширување на бизнисот со WhatsApp, платформа која има потенцијал да им овозможи на компаниите да создаваат ВИ чет-ботови за корисничка поддршка. На долг рок, ова може да доведе до развој на персонализирани агенти за продажба – индустрија вредна над 3 трилиони долари.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.