Корисниците масовно бришат профили на Facebook

Интересот за пребарувања поврзани со напуштање на платформите на Meta вртоглаво порасна минатата недела.

fb-brishenje-profili-2771-fi

Извор: Pexels

Пребарувањата на Google за тоа како да го откажете и избришете вашиот профил на Facebook, Instagram и Threads забележа експлозивен раст во САД, откако извршниот директор на Meta, Марк Закерберг објави дека компанијата постепено ќе го укинува својот систем за проверка на факти од трети страна, ќе ја ублажи политиката за модерирање на содржината и ќе ги повлече претходните правила за ограничување на количината на политичка содржина во feed-овите на корисниците.

Експертите го гледаат овој потег како обид за прилагодување кон претстојната администрација на Доналд Трамп и за избегнување на политички реваншизам.

Последиците од новите политики на Meta би можеле да имаат сериозни импликации врз објавите, говорот на омраза и насилството, како и дезинформациите кои можат да се шират уште побрзо од претходно на платформите на Meta.

Пребарувањата на Google за термини како „како трајно да се избрише Фејсбук“ достигна максимална оценка од 100, што е највисоко ниво на интерес според Google Trends, со зголемување на интересот за повеќе од 5.000 проценти во споредба со претходните периоди.

Meta воведе политики за проверка на факти и модерирање на содржината по долгогодишно ширење дезинформации и насилен говор на своите платформи, што предизвика штета во реалниот свет, пишува Tech Crunch.

Закерберг во 2021 изјави дека заедницата Meta не сака политиката и конфликтот да го преземат нивното искуство на платформите, што доведе до напорите на компанијата да го намали политичкиот дискурс.

Минатата година Meta исто така престана проактивно да препорачува политичка содржина на корисниците на Instagram и Threads, што беше контроверзно меѓу креаторите и корисниците. Сега Meta повторно ќе воведе политичка содржина на каналите.

Закерберг рече дека новите политики се обид да се врати слободата на изразување на платформите на Meta, повторувајќи ги коментарите дадени од Илон Маск за неговата платформа Х. Извршниот директор на Meta рече дека нивните платформи ќе ја заменат проверката на факти од трети страни со систем за белешки од заедницата, слично како на платформата X, во која корисниците можат да ги означат објавите за кои сметаат дека им е потребен дополнителен контекст.

Пребарувањата на Google за „алтернативи на Facebook“ исто така вртоглаво пораснаа, како и пребарувањата за Bluesky и Mastodon, две децентрализирани социјални мрежи кои се здобија со популарност откако Илон Маск го презеде Twitter.

Извршниот директор на Mastodon, Јуџин Рочко, минатата недела исто така ги критикуваше промените на Meta во модерирање на содржината, нарекувајќи ги „закана за секој кој има совест“.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.