Класичните холивудски закони инспирираат заштитa за децата во мултимилијардерската инфлуенсерска индустрија

Државите се потпираат на законите кои за првпат беа изготвени во златното доба на Холивуд за да ги заштитат децата во 21-от век кои се изложени на ризик да бидат експлоатирани во мултимилијардерската инфлуенсерска индустрија, пишува Axios.com.

holivudski-zakoni-1857-fi

Извор: Freepik

Зошто е тоа значајно: Областа на креирање содржини во голема мера е нерегулирана, а државите преземаат чекори за децата да добиваат дел од профитот што го остваруваат со влогирање или работење  со брендови.

  • Законите во Илиноис и Минесота им дозволуваат на децата да ги тужат родителите кои не заштедиле пари за нив, но не наложуваат регулаторни мерки, за Axios изјави Алисон Фицпатрик, адвокат со експертиза во инфлуенсерски маркетинг и детско рекламирање.
  • „Регулаторите не сакаат да навлегуваат во семејните работи“, рече таа. „Тие не сакаат да создадат конфликт меѓу детето и неговите родители.

Интрига: Тинејџер го предочи ова прашање пред законодавниот дом на Илиноис.

  • Шреја Наламоту беше вознемирена од потенцијално искористувачката семејна содржина што ја виде на социјалните мрежи
  • „Детското инфлуенсерство сè уште функционира“, рече Наламоту за PBS. „Значи, вашето детство го претворате во содржина и ја поставувате на Интернет, каде што таа останува трајно.“

Моментална состојба: Неколку држави моментално размислуваат или веќе имаат донесено закони за заштита на децата-инфлуенсери што изгледа како „показател за промена“, објави Фортеса Латифи, која пишува книга за семејствата на инфлуенсерите.

  • Законодавството за децата-инфлуенсери повлекува паралели со Законот за деца-актери од Калифорнија, или Кугановиот закон, потпишан во 1939 година за време на промените во забавната индустрија.
  • Законот е именуван по детскиот актер Џеки Куган од 1920-тите години чии родители потрошиле милиони што тој ги заработил во Холивуд пред да стане полнолетен.

Како функционира: Законот во Илиноис, кој стапи на сила овој месец, пропишува дека родителите на деца под 16 години мора да штедат средства на доверителска сметка за на крајот да му ги распределат на детето чиј лик, име или фотографија носат средства што достигнуваат одреден праг.

  • Родителите, исто така, треба да водат евиденција за количината на креирана содржина и приходите генерирани од неа.
  • „Како што се еволуираат социјалните медиуми, така треба да еволуираат и нашите закони“, рече сенаторот од државата Илиноис, Дејв Келер, кој го поддржа законот.

Помеѓу редови: Според меѓународната адвокатска фирма Reed Smith, овој закон не важи кога малолетникот креира сопствена содржина.

holivudski-zakoni-1857-ps1

Извор: Freepik

Најново: Минесота е втората држава што донесе закон за заштита на децата-инфлуенсери, кој ќе стапи на сила следната година.

  • Целиот приход заштеден на доверителска сметка, мора да оди кај малолетното лице под 14 години вклучено во креирање содржина.

Законодавните тела во Мериленд, Калифорнија, Џорџија, Мисури, Охајо, Аризона, Вашингтон и Пенсилванија предложија нацрт-закони кои ќе ја прошират заштитата на децата-иинфлуенсери.

  • „Регулаторите не ја разбираа околината на инфлуенсерите до неодамна“, рече Фицпатрик. „Мислам дека веројатно сè уште немало хорор приказни“.

Големата слика: Овие закони се појавуваат во државите предводени од републиканците и од демократите, следејќи ги федералните закони за заштита на децата кои добија двопартиска поддршка.

  • „Како што овие закони ќе стапуваат на сила, така ќе видиме дали се навистина силни и дали родителите ги почитуваат“, рече Фицпатрик. „Дали родителите се придржуваат до одредбите за водење евиденција и доверителска сметка? Или само ги игнорираат?“

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.