Како да ја претвориме смешната содржина во директна продажба: Џон Торнтон го разби митот за „глупостите“ на социјалните медиуми

Вториот ден од Spotlight конференцијата во Амстердам донесе вистинско освежување во светот на дигиталниот маркетинг. Џон Торнтон, Creative Copywriter во SURREAL, со својата харизматична и инспиративна презентација, откри како забавната и разиграна содржина – која многумина би ја нарекле „глупост“ – може да се трансформира во силен двигател на продажбите.

john-2347-fi

Извор: WebMind Редакција

„Никој не оди на Инстаграм за да види реклама,“ започна Торнтон, предизвикувајќи насмевки кај публиката. „Луѓето бараат забава, сакаат да гледаат мемиња, reels, да се поврзат со пријателите. Сепак, што ако успеете да ги привлечете со содржина што е и забавна, и на крајот ги поттикнува на купување?“ Ова е прашањето што Торнтон го постави и на кое самиот одговори преку примери од својата работа со глобални брендови како Innocent Drinks и SURREAL.

Неговата поента беше едноставна, но моќна: Вниманието на публиката е скапоцено, а најдобриот начин да го освоите е преку содржини кои не се чувствуваат како продажба, туку како дел од нивното секојдневие. Торнтон сподели дека клучот за неговиот успех лежи во разбирањето на потрошувачката психологија – како луѓето размислуваат и како емоциите играат клучна улога во донесувањето на одлуките за купување.

Психологија на потрошувачите: Како ги тераме да застанат?

„Кога станува збор за создавање содржини што продаваат, не е доволно само да се „boost-ира“ пост,“ вели Торнтон. Наместо тоа, потребно е да се креираат автентични, емотивни содржини кои допираат до публиката. Тој го спореди процесот со проучување на потрошувачката психологија, објаснувајќи како луѓето често купуваат работи што не им се потребни, но успеваат да се убедат дека „ќе им се најдат“. Во овој контекст, маркетингот е уметност на убедување, а успешната содржина е таа која предизвикува емоции – било да е тоа смеа, љубопитност или чувство на припадност.

Работата на Торнтон со брендови како “Innocent drinks” го покажува тоа на најдобар можен начин. Нивните кампањи често користат хумор, различни пораки и разиграни визуелни елементи кои привлекуваат внимание. Но, под сето ова се крие паметна стратегија – онаа што ги вклучува емоциите на луѓето и гради желба за брендот.

john-2347-ps1

Извор: WebMind Редакција

Scroll-Stopping содржини: Како да ги натераме да престанат?

Во светот на бескрајното „scroll-aње“ на Инстаграм, предизвикот е да ги натерате луѓето да застанат и да ја кликнат вашата содржина. Торнтон истакна дека креативните приказни кои ги користат хуморот и визуелната привлечност се клучни за привлекување на вниманието. „Не е важно само да бидете смешни,“ вели тој. „Важно е да креирате приказна која останува во сеќавањето.“ И тука, како што објасни, започнува вистинската магија: комбинацијата на добар storytelling и визуелно впечатлива содржина води до вистинска конекција со публиката.

Ефективниот storytelling не мора секогаш да биде сериозен или насочен кон производите. Всушност, тоа е спротивното. Работата на Торнтон покажува дека со фокусирање на автентично, често хумористично раскажување приказни, можеме да создадете чувство на доверба и поврзаност. Станува збор за прикажување на диференцијата на брендот и овозможување да блеска во секоја објава.

john-2347-ps2

Извор: WebMind Редакција

Од „глупост“ до продажба: Магијата на усогласеност

Но, големото прашање е како да ја претвориме разиграната, „глупост“ од содржина во вистинска продажба? Торнтон покажа дека не се работи само за тоа да се биде смешен, туку за тоа како тој хумор е поврзан со вредностите на брендот.

 „Innocent Drinks“, на пример, има разигран тон во сите свои платформи, но под површината, нивните пораки се усогласени со нивните вредности за природни состојки и еколошка свесност.

„Трикот е беспрекорно да ја вплетете забавата со вистинската понуда на вашиот бренд. Шегата може да ја започне комуникацијата, но таа завршува со порака која го предизвикува потрошувачот да размисли и тоа е раскрсницата каде што се случува магијата.“ – истакнува Торнтон.

Градење на долгорочни врски со публиката

За Торнтон, успехот не е само во еднократната продажба. „Станува збор за градење на трајна врска со вашата публика,“ нагласува тој. Кога содржината е автентична, човечка и забавна, таа привлекува лојална заедница која секогаш се враќа по повеќе. Овие следбеници не се само клиенти, туку и застапници на брендот кои го шират зборот понатаму.

Во ерата на социјалните медиуми каде вниманието е највредната валута, Торнтон ни покажа дека мешањето на креативноста и психологијата на потрошувачите може да направи вистинска магија, но и машина за генерирање leads. Неговата работа со брендови како Innocent Drinks и SURREAL е вистински доказ дека забавната содржина не само што го привлекува вниманието, туку и носи реални продажби.

Економист по професија, претприемач по вокација, психолог по потреба. Цврсто верува во континуиран раст и развој, љубител на книги и добра музика, и верен пријател на визуелната уметност.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.