Таа беше снимена во живо како јаде големи количини претежно нездрава храна. Откако консумирала 55 килограми храна, како што пишуваат кинеските медиуми, ѝ пукнал желудникот, поради што во стомакот ѝ протекле стомачна киселина и храна.
Ксијаотинг со години се занимаваla со таканаречен Мукбанг (јадење храна пред публика која финансиски ја наградува). Таа претходно била хоспитализирана поради крварење од желудникот.
И таа не е единствената. Трендот на создавање видеа со прејадување потекнува од Јужна Кореја. Отпрвин привлекуваше луѓе кои јадеа заедно со креаторите на содржини, но со текот на времето стана поекстремно.
Во јануари 2023 година, ѕвездата на TikTok, Тејлор Брајс Леџун, кој имаше околу 1,7 милиони следбеници, почина од сомнителен срцев удар. Во моментот на неговата смрт, тој имал само 33 години, а станал познат по рецензиите за необична храна и намирници на кои им бил истечен рокот.
„Лудо е да се восхитуваш на прејадување. Ова е нормализирање на ненормалното“, коментира Д-р Зак Удин.
„Некои луѓе бараат внимание или потврда за да се вклопат во одредена социјална група. Други имаат психолошки проблеми. На пример, за некои екстремното јадење е механизам за справување со емоционална траума или ниска самодоверба“, вели терапевтот Дени Зејн.
Веган од 72 килограми сега е мултимилионер од 158 килограми
Најпознатиот мукбангер на YouTube е Николас Пери, попознат како Nicokado Avokado. Тој има 3,8 милиони следбеници, а каналот го започна во 2016 година. Беше веган тежок 72 килограми. Откако се откажа од растителна храна, тој почна да се снима како јаде огромни количини брза храна. Според некои извори, тој денес тежи 158 килограми, а на некои видеа носи уред што го користат луѓето кои боледуваат од апнеја. Тоа е состојба која предизвикува пациентите да престанат да дишат во сон и е поврзана со дебелината.
За време на неговите драматични видеа кои го направија мултимилионер, Николас често јаде повеќе од 10.000 калории во еден здив.
„Пораката што ја испраќа до луѓето е дека консумирањето вишок калории е забавно. Ова не е добро бидејќи многу луѓе се борат да не се здебелат. Консумирањето големи количини храна ги зголемува мастите во крвта и шансите за срцев удар. Тоа е истата порака како кога луѓето пијат алкохол и го величат“, вели Д-р Навид Сатар.
Професорот по психологија Ендрју Харис смета дека овој тренд е многу опасен. „Мукбанг видеата се фокусираат на консумацијата и уживањето, потенцијално засилувајќи го циклусот на прејадување или нездрави односи со храната“, вели Херис.
Со ова се согласува и нитриционистката Кејти Лопез.
„Мукбанг видеата се гротескно прикажување на ненаситност и уште еден пример за глорификација на самоповредувањето. Поточно, овие луѓе се изложени на ризик од перфорација на желудникот, значително зголемување на гликозата и мастите, киселинско/базни нарушувања, пореметени електролитни движења, дехидрација и абнормалности на срцевиот ритам“, заклучи таа.