Инстаграм ќе “зборува” повеќе од 90 јазици

Instagram воведува нови функции, меѓу кои можноста за превод на пораки на 99 јазици и опцијата за закажување на пораки до 29 дена однапред.

instagram-fi-3122

Извор: bizlife.rs

Новитети се и нови начини за споделување музика, можност до три четови да се прикачат на врвот на разговорите, како и QR-кодови за групни разговори.

„Со новата функција за преведување пораки на Instagram, можете лесно да комуницирате со луѓе од целиот свет, без да се грижите за јазичните бариери. Без разлика дали сакате да стапите во контакт со роднини во Кореја или со пријател во Шпанија, сега можете директно да ги преведувате нивните пораки во вашите DM-ови,“ се наведува во соопштението на компанијата.

Како да преведете порака?

За да преведете порака од разговорот, држете ја притисната пораката што сте ја испратиле или примиле на друг јазик. Потоа допрете на „преведи“ (translate).

Преведената порака потоа ќе се појави веднаш под оригиналната во разговорот, додаваат од Instagram.

Сега е можно пораките да се закажат за испраќање во одредено време, што е корисно за специјални пригоди. На пример, ако сакате да испратите роденденска честитка во 00:01, но не сакате да останете будни до доцна, сега можете да ја закажете пораката.

Корисниците можат да закажат испраќање на порака така што ќе напишат текст, ќе го држат притиснато копчето за испраќање, ќе изберат датум и време за испраќање, а потоа ќе притиснат „испрати“.

Оваа функција може да се користи и за секојдневни потсетници, како што се задачи и обврски.

Воведена е и можноста за поканување пријатели во групни разговори преку QR-кодови, како и нови функции за слушање и споделување музика.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.