Генерацијата З баш и не го сака емотиконот „палец нагоре“: Еве зошто

Милениумците и генерацијата З (Generation Z, Gen Z) ги повикуваат луѓето да престанат да го користат емотиконот „палец нагоре“ (thumbs up), бидејќи сметаат дека е премногу „пасивен-агресивен“.

gen-z-thumbs-up-1401-fi

Извор: Freepik

„Палец нагоре“ на работа

„Повеќето колеги користат „палец нагоре“ како реакција на порака. Јас не го користам толку често. Претпочитам да одговорам со емотикон „срце“ или да одговорам со кратка порака. Воглавно, мислам дека е нормално да се користи како реакција, но некако мене ми предизвикува нелагодност“, изјави еден млад човек на социјалните мрежи.

„Супер-непристоен емотикон“

Очекувано, ова прашање предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, каде секој има свое мислење на оваа тема.

„Видете, јас не ги правам правилата, но тој емотикон е пасивен-агресивен. Не знам зошто, но само испраќа лоши вибрации“, „Емотиконот „палец нагоре“ е пасивен-агресивен, не знам како да го објаснам тоа“, беа некои од коментарите, додека пак еден корисник го опиша емотиконот како „супер-непријатен“, истакнувајќи ја генерациската смена во начинот на комуникација.

„Не сум само јас, туку за помладите луѓе емотиконот „палец нагоре“ се смета за многу пасивен-агресивен, а јас имам 24 години. Навистина е безобразно кога некој само праќа палец нагоре. Ми беше чудно некое време, бидејќи истото ми се случува и на работното место“, напишал еден корисник.

Јазот меѓу генерациите

„Значи, овде се работи за разликата во генерациската комуникациска култура. Никој на моја возраст во канцеларијата не го прави ова, додека колегите кои припаѓаат на Генерацијата Х секогаш испраќаат палец нагоре. Ми требаше време да се приспособам и да ја извадам од глава идејата дека тоа значи дека се лути на мене“, коментира еден корисник.

Сепак, не се сите толку чувствителни. Еден припадник на Генерацијата З не се согласува: „Во ред, се чувствувам непријатно како Ген З. Но, тоа е само палец нагоре. Не треба да се претерува“, напиша тој.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.