Серијата ја следи приказната на 13-годишниот Џејми Милер кој е уапсен за убиството на неговата соученичка Кејти, откако станал радикален поради екстремистичка онлајн содржина.
Една сцена во серијата е клучен момент што покажува колку возрасните не обрнуваат внимание за она што навистина се случува околу нив. Инспекторот Лук погрешно го толкува редоследот на емотиконите што Кејти ги оставила на профилот на Џејми на Instagram, мислејќи дека се од флертувачка природа. Дури кога неговиот син Адам му го објаснува нивното вистинско значење, се открива вистинската закана.
Знаете ли што навистина пишуваат вашите деца кога користат емотикони?
Адам го предупредува својот татко дека емотиконите не значат исто за сите генерации. На пример, додека возрасните го користат црвеното срце за да изразат љубов, тинејџерите боите на срцата ги користат со различно значење:
Црвено – љубов
Виолетово – страст
Жолто – „Ми се допаѓаш, дали и јас тебе?“
Розово – „Ми се допаѓаш, но не сакам ништо сериозно“
Портокалово – „Ќе бидеш добро“
Инспекторот Лук, како и многу гледачи на серијата, останува шокиран од овие скриени значења. Серијата служи како предупредување до родителите: “дигиталниот свет постојано се менува, а со него и начинот на комуникација кај младите”.
Не ги казнувајте, туку разговарајте со децата
Наместо строги забрани и ограничувања, се препорачува пристап заснован на доверба. Oхрабрете ги децата отворено да зборуваат за нивните омилени сајтови, инфлуенсери и онлајн искуства. Алатки како што се временски ограничувања за екрани можат да помогнат, но не смеат да ја заменат искрената комуникација.
Ако родителите забележат нагли промени во однесувањето кај детето, како што се изливи на бес, повлеченост или таинственост околу онлајн активностите – тоа може да биде сигнал дека е време за сериозен и искрен разговор.
Извор: Bizlife.rs