Гостин во четвртата епизода на New Biz Podcast беше Данчо Димков – претприемач, консултант и автор, кој открива како го направил пресудниот чекор кон градење на своја компанија. Неговата приказна започнува со едно навидум едноставно прашање: „Што е најлошото што може да се случи?“
„Седнав со сопругата и разговаравме за можноста да започнеме сопствен бизнис. Што е најлошото што може да се случи? Ако не успее, имаме три месеци за да најдам нова работа и да го вратиме кредитот. Но едно знаев – не сакам да бидам човекот кој на 70 години ќе гледа вести, ќе види некој успешен бизнис и ќе рече: ‘Јас ја имав истата идеја пред 2015-та, но од страв не ја реализирав’“, споделува тој.
Со идеја да изгради бизнис кој ќе може да функционира без него, ја изградил BizzBee Solutions.
Во епизодата се разговараше за бројни клучни теми: кои се предизвиците на брзиот раст на една компанија, како да се изберат вистинските луѓе во тимот, како да се создаде стабилен бизнис модел и, секако, како да се привлечат инвеститори. Според Димков многу полесно е да се учи низ искуство, отколку од книга и човек треба да се обиде, па и да не успее секогаш постои можност повторно да се вработи.
А дали успеал да ја реализира својата цел – да се „пензионира“ на 35 години? Погледнете ја целата епизода на YouTube и дознајте кои чекори го довеле до успех:
New Biz Podcast е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.