Овие јадења се доказ дека не ви требаат комплицирани состојки за да создадете магија. Ви требаат добри намирници, малку инспирација и вашиот таен сојузник – Maggi, кој се грижи секое јадење да има совршено избалансиран вкус.
Подгответе ги непцата за нови дестинации!
1. СЛОВАЧКА: Крем супа од печурки во леб (Hubová polievka)
Приказната: Во Словачка, шумите се национално богатство, а печурките се „месото на шумата“. Оваа супа традиционално се служи за Бадник. Таа е густа, кремаста и има мирис на планина. Најинтересниот дел? Често се сервира во издлабено тркалезно лепче кое служи како чинија. Јадете ја супата, па на крајот ја јадете и чинијата – има ли нешто подобро?
Потребно:
- 500гр свежи шампињони (или грст суви вргањ печурки за појак мирис)
- 1 главица кромид
- 2 компири
- Павлака за готвење
- Maggi крем супа од печурки
Подготовка: Пропржете го кромидот и печурките додека не омекнат. Додадете ги компирите исечени на коцки. Сега, наместо обична вода, залејте со литар топла вода во која сте ја раствориле Maggi супата. Ова е клучниот чекор, коцката ќе даде длабок, „шумски“ вкус кој инаку би барале со часови варење. Варете додека компирот не омекне, а на крајот додадете ја павлаката за густина.
Совет: Ако сакате автентичен изглед, сервирајте ја во мали издлабени лепчиња и украсете со свеж магдонос.
2. ДАНСКА: Hakkebøf (Јунешки шницли со карамелизиран кромид)
Приказната: Данците се мајстори за Hygge (удобност), а ова јадење е дефиниција за тоа. Hakkebøf е всушност претходникот на хамбургерот, но многу повкусен. Се работи за квалитетно јунешко месо, послужино со многу, многу мек карамелизиран кромид и густ кафеав сос. Едноставно, а толку богато.
Потребно:
- 500гр квалитетно мелено јунешко месо
- 3-4 главици кромид (исечени на круг)
- Путер и масло
- Maggi Würze (течен зачин)
Подготовка: Од месото обликувајте дебели плескавици . Зачинете ги само со бибер и Maggi течен зачин. Maggi зачинот тука игра главна улога – тој го истакнува вкусот на јунешкото и помага да се добие убава кора при пржењето. Испржете ги и тргнете ги настрана. Во истото тавче, ставете го кромидот и пржете го тивко, долго, додека не стане кафеав и благ. Вратете го месото во тавчето со малку вода за да се направи сос.
Совет: Задолжително послужете со варени компири кои ќе ги прелиете со сосот од кромидот.
3. ПОРТУГАЛИЈА: Arroz de Marisco (Ориз со морски плодови)
Приказната: Португалија гледа кон океанот, а ова јадење го носи океанот во вашата чинија. За разлика од шпанската паеља која е „сува“, португалскиот ориз е „caldoso“ односно сочен, речиси како чорба. Ова е јадење за споделување, полно со бои и мирис на лето, дури и среде зима.
Потребно:
- Шолја Ориз (со тркалезно зрно)
- Пакет морски плодови (ракчиња, школки, лигњи)
- Домати, пиперки, лук
- 2 Maggi зеленчукови коцка
- Свеж коријандер (или магдонос)
Подготовка: Направете „софрито“ (пржен зеленчук) од кромид, лук, пиперки и домати. Додадете го оризот да се застакли. Тука доаѓа тајната на вкусот: залејте со 1л вода збогатена со 2 Maggi зеленчукова коцка. Бидејќи немаме секогаш при рака рибји бујон, зеленчуковата коцка е совршена замена која дава базна нота без да го покрие вкусот на морето. Пред крајот, додадете ги морските плодови (ним им треба само 5 минути). Оризот треба да остане малку течен.
Совет: Португалците велат: „Оризот не чека никого“. Ова јадење се сервира веднаш, жешко!
4. ШПАНИЈА: Pollo al Ajillo (Пилешко со многу лук)
Приказната: Шпанците знаат дека наједноставните работи се највкусни. Ова е класика од мадридските таверни. Пилешко, добро маслиново масло и многу лук. Мирисот додека се готви ова јадење ќе ги повика соседите на врата.
Потребно:
- Пилешко (исечено на помали парчиња со коска)
- 1 цела главица лук (исчистена)
- Бело вино
- Ловоров лист, мајчина душица
- Maggi пилешка коцка (издробена)
Подготовка: Во длабока тава загрејте маслиново масло и испржете ги целите чешниња лук додека не поруменат, па извадете ги. Во истото ароматично масло, пржете го пилешкото. Кога ќе фати боја, вратете го лукот, додадете го виното и зачинете со издробена Maggi пилешка коцка (наместо сол). Коцката ќе се растопи во виното и ќе направи неверојатно вкусен сос. Динстајте додека течноста не испари и остане само густ сос.
Совет: Послужете со крцкав леб за да го „избришете“ тавчето до последна капка.
5. ШВАЈЦАРИЈА: Zürcher Geschnetzeltes (Телешко во бел сос) со решти
Приказната: Ова е кулинарската разгледница на Цирих. Елегантно, богато и префинето. Станува збор за тенки ленти телешко месо во кремаст сос од печурки и бело вино, традиционално сервирано со Rösti (рeшти) еден вид „палачинка“ од рендан компир. Вистинска алпска гозба.
Потребно:
- 500гр телешко месо (исечено на тенки ленти)
- Шампињони
- Бело вино, павлака за готвење
- Кромид
- Maggi зачин
Подготовка: Месото испржете го многу кратко на силен оган (само 2-3 минути) и извадете го. Во истото тавче пропржете го кромидот и печурките. Деглазирајте со малку бело вино. Додадете ја павлаката и зачинете со Maggi зачин. Овој зачин е идеален за бели сосови бидејќи не ја менува бојата, а го засилува вкусот. Вратете го месото во сосот само да се загрее (не смее да се вари долго за да не стане тврдо).
Совет: За решти (прилогот): Изрендајте компири, исцедете ги од вода, зачинете со Maggi и испржете ги во тавче како голема, дебела палачинка додека не стане крцкава и златна.