Што најмногу се бара денес? Топ 10 професии во светот!

Мнозина кои во моментов бараат работа можат да потврдат дека ова е едно од најпредизвикувачките времиња за пронаоѓање нова прилика.

profesii-4586-fi

Извор: Freepik

Вработувањето е во опаѓање во бројни индустрии, додека масовните отпуштања во одредени сектори значат дека сѐ повеќе работници се натпреваруваат за ограничен број слободни работни позиции.

Сепак, некои професии и понатаму се високо барани. Според извештај објавен во средата од платформата Monster, во текот на третиот квартал се издвоиле десет најбарани професии според огласите на работодавачите. Во моментов, најмногу можности нудат секторите за здравство, логистика, продажба и корисничка поддршка.

Моментално најбарани занимања:

  • медицинска сестра
  • физиотерапевт
  • возач на камион
  • претставник за продажба
  • радиолошки техничар / технолог
  • логопед
  • доставувач
  • респираторен терапевт
  • окупациски терапевт (специјалист за рехабилитација)
  • претставник за корисничка поддршка

„Здравствениот сектор очигледно доминира на оваа листа – дури шест од десет занимања припаѓаат на оваа област, особено на клинички позиции“, изјави Вики Салеми, експерт за кариера на платформата Monster, за CNBC Make It.

Извештајот е заснован на десетици илјади објавени огласи во третиот квартал, а покажува и дека таканаречените „есенцијални професии“, како што се возачи на камиони и доставувачи, и понатаму се карактеризираат со стабилност и отпорност на кризи.

Додека некои занимања на листата бараат стручни квалификации или професионални сертификати, други се подостапни и за кандидати кои сѐ уште немаат големо искуство во таа област.

„Ако работите во индустрија каде што комуницирате со клиенти, многу веројатно веќе ги поседувате вештините за корисничка поддршка“, објаснува Салеми.

Усогласување, не масовност

Таа советува дека кандидатите кои сакаат да се испробаат во нова професија треба сериозно да размислат за вложување во нови вештини (upskilling), бидејќи тоа може значително да им ги зголеми шансите за вработување.

Покрај тоа, додава, иако некои професии не се најдоа на оваа листа, сезонското вработување во трговијата и угостителството веќе е во полн ек поради претстојните новогодишни празници.

Без разлика на тоа за која позиција аплицирате, Салеми ги советува кандидатите да ја прилагодуваат секоја пријава на конкретната работа, наместо да испраќаат десетици идентични апликации на различни огласи.

„Поентата не е во количината на пријави“, нагласува таа. „Клучот е во фокусираниот пристап – подобро е да одберете неколку позиции што вистински одговараат на вашите способности и цели, отколку да аплицирате насекаде и да се надевате на најдобар исход.“

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.