Џеј Чаудри е 66 годишен бизнисмен кој основал пет компании, вработувајќи многу луѓе. Првата била компанија за сајбер безбедност SecureIT, која ја основал во 1996 година заедно со својата сопруга, а потоа ја продал во 1998 година за 70 милиони долари.
Последната што ја основал е исто така компанија за сајбер безбедност, Zscaler. Ја основал во 2008 година и нејзината пазарна капитализација изнесува 24,13 милијарди долари.
Чаудри моментално е извршен директор на Zscaler, вработувајќи повеќе од 7.000 луѓе. Според проценките на американскиот бизнис весник Forbes, неговото богатство вреди девет милијарди долари.
Кога станува збор за вработување, тој често си го поставува клучното прашање за да утврди дали новиот вработен ќе се вклопи добро, а тоа прашање е: „Дали е оној што создава или е оперативец?“ Станува збор за два типа на работници, за кои смета дека треба да се обидете да бидете за време на вашата кариера.
Оние што создаваат функционираат во хаос
„Градителите“ се оние што напредуваат во стартап компании, слободни околини. Според Чаудри, стартапите успеваат поради големата страст и недостатокот на речиси каков било процес, мислејќи на хиерархијата која обично ја имаат големите компании.
Како што констатирал, во стартапите постои процес „од уста на уста“, односно можност за разговор без формални канали на комуникација. Тој смета дека таа слобода е тоа што го сакаат оние што создаваат. Тој истакна дека „градителите“ постојано мора да бидат „љубопитни ученици“ бидејќи во стартапите има многу работи што треба да се научат.
Оперативците сакаат јасни процеси
Од друга страна, оперативците подобро функционираат во поголеми компании. Чаудри истакнал дека тие сакаат структуирана, добро дефинирана средина. Имено, големите компании се склони да имаат повеќе системи за да обезбедат дека нивните бројни работници хармонично работат. Тоа се компании добри за оперативците.
Ретко се наоѓа „градител“ што е и оперативец
Чаудри напомена дека вештините за започнување на бизнис се различни од вештините за водење на бизнис вреден милијарди долари. Сепак, тој смета дека сите тие вештини се подеднакво потребни. Всушност, потребно е да знаете подеднакво добро да функционирате и во уреден и неуреден систем. Чаудри нагласи дека се ретки оние што се истовремено „градители“ и оперативци, пренесува CNBC.
Извор: BIZLife.rs