Пазар на труд

Прочитавте многу книги за самопомош, наместивте аларм рано наутро, правевте листи – а сепак никако не успевате да завршите сè што сте замислиле. Времето ви „бега“, се чувствувате тромо, а на крајот од
Во светот на бизнисот, начинот на кој ќе кажете нешто многу често е поважен од самите зборови Дипломатичноста, смиреноста и разбирањето на другата страна стануваат клуч за успех – особено кога разговорите стануваат напнати, емоциите силни, а темите…
Сите кои се во бизнис го знаат првото и основното правило – сè е во тајмингот! Не постои случајно објавена вест, нема импулси и нема…

Повеќе

Дали сте се запрашале како изгледа идеалната пауза на работа? Стручњаците постојано ја нагласуваат важноста од одвојување време за „полнење батерии“ среде работниот ден. Овие паузи буквално можат да ви го спасат денот за само неколку минути го намалуваат стресот, го ублажуваат заморот и ја подобруваат концентрацијата. Непрекинатата работа негативно влијае врз перформансите и не само тоа. Во екстремни случаи, може да доведе до негативна спирала: вработениот се обидува да ги заврши задачите иако е исцрпен, прави грешки, повторно ги работи истите задачи и на крајот работи уште повеќе. Колку повеќе работиме, толку помалку сме продуктивни.
Замислете ја следнава сцена: понеделник напладне, директорот седи на маса, маилови во инбокс не престануваат да стигаат, телефоните ѕвонат, купишта информации се менуваат во реално време, тимот чека инструкции и зелено светло за да продолжи со работа, а во синџирот на одлучување и реализација, една информација зависи од друга. Тој ги отвора извештаите, се занимава со неважни работи, а крупните одлуки стојат.
Современиот работен ден ретко кога поминува мазно и без прекини. Меѓу состаноци, бескрајни Slack-известувања и повремени падови на енергијата, изгледа речиси невозможно да се најдат подолги периоди на непрекинат фокус. Токму тука настапува microshifting – нов пристап кој се заснова на користење на малите моменти. Наместо да чекаат совршен блок време за продуктивност, микрошифтингот ги поттикнува вработените да ги извршуваат задачите во кратки налети – каде било и кога и да е можно.
Пазарот на трудот во 2025 година останува предизвикувачки. Канцелариските работни места бележат пад кога станува збор за вработување, а многу луѓе остануваат на своите позиции иако не се задоволни. Конкуренцијата за отворените позиции сè уште е силна, додека отпуштањата, намалените буџети и економската неизвесност дополнително ја отежнуваат потрагата по работа.
Кога ќе го слушнете вашето дете како се жали: „Досадно ми е!“, можеби веднаш се вклучува алармот кај родителите, но не мора да биде така. Ако децата ви го кажуваат тоа, можете да си честитате: најверојатно сте му овозможиле на вашето дете барем малку време без технолошка стимулација во свет полн со брзина и пренаситеност. Дури и самата досада денес стана ретка појава.
Барањето нова работа може да биде возбудливо, но и прилично стресно искуство. Ако неодамна сте аплицирале на повеќе огласи, веројатно сте ја почувствувале фрустрацијата од испраќање безброј пријави и одење на интервјуа – само за на крај да добиете тишина или автоматизирана порака за одбивање.