Влезот на генерацијата Z (лица родени во периодот од 1997 до 2012 година) на американскиот пазар на труд не помина толку мазно, покажуваат податоците на компанијата за образование и кариера Intelligent.
Имено, од 966 анкетирани компании, 75 проценти изјавиле дека нивните млади вработени имале незадоволителни работни резултати.
Понатаму, 50 проценти од компаниите изјавиле дека младите вработени имаат недостаток на мотивација, 46 проценти велат дека им недостасува професионалност, додека 39 проценти од компаниите тврдат дека имаат слаби комуникациски вештини.
Сето тоа претставува товар за работодавачите додека размислуваат за вработување лица од генерацијата Z. Неподготвеноста за работното место и негативните искуства од минатото се две основни причини зошто работодавачите се двоумат при вработување на оваа популација.
Влезот на генерацијата Z на пазарот на труд беше, најблаго кажано, тежок, но оваа генерација не е првата на која тоа ѝ се случило.
Имено, слично им се случи и на милениумците (лица родени во периодот од 1981 до 1996 година), кои беа обвинувани за недостаток на работна етика.
Сепак, оваа генерација подоцна стана менаџерска генерација која си ги трасираше своите претприемачки патишта, пишува деловниот портал Inc.
Извор: Bizlife.rs