Ако доаѓате порано на работа и си одите последни, нема да напредувате

Амбициозните луѓе добиваат многу совети на почетокот од својата кариера за тоа како да напредуваат. Еден вообичаен совет е: Бидете меѓу првите што ќе дојдат во канцеларијата и последни што ќе си одат за да му покажете на вашиот шеф дека сте посветени на работата.

ambiciozni-vraboteni-1902-fi

Извор: Freepik

Бријана До добила токму таков совет кога како маркетинг експерт ја започнала својата кариера пред околу една деценија. Често доаѓала рано во канцеларијата и работела до доцна за да покаже дека има мотивација и дека сака да напредува во компанијата.

Бријана била желна да му покаже на својот менаџер и на луѓето надвор од нејзиниот сектор дека може „да напредува“ и сметала дека „најдобриот начин да го направи тоа е да биде првата што ќе се појави и последната што ќе си оди“, пишува CNBC Make It.

Практикувајќи таков начин на работа вели дека имала многу интензивни периоди на согорување.

ambiciozni-vraboteni-1902-ps1

Извор: Freepik

Работа vs. живот

Гледајќи наназад, До сфаќа дека добронамерниот совет треба да доаѓа со предупредување дека долги работни часови ја покажуваат вашата посветеност на работата на штета на вашето лично време и живот.

„Во мојот живот немав никаква хармонија помеѓу работата и животот. Верувам дека тоа е застарено сфаќање, особено сега кога влеговме во оваа нова ера на поставување граници и давање приоритет на менталното здравје“, призна Бријана, која сега ја води својата маркетинг агенција Verbatim.

Стејси Халер, главен советник за кариера во ResumeBuilder со повеќе од 30 години искуство во вработување, се согласува со тоа.

image-1

„Мислам дека луѓето овие денови се доволно паметни за да знаат дека само затоа што седите во канцеларијата осум часа дневно, не значи дека сте продуктивни“, вели таа.

ambiciozni-vraboteni-1902-ps2

Извор: Freepik

Подобар начин да напредувате

Наместо тоа, постојат многу други начини како да го искористите своето време за да покажете дека сте возбудени за својата работа и дека сакате да растете.

„Изградете односи, пронајдете ментор, запознајте го тимот. Набљудувајте успешни луѓе, видете како работат и побарајте совет“, објаснува Халер.

Gen Z вработените се особено во добра позиција да дадат приоритет на градењето работни односи кои може да им помогнат години подоцна.

„Тоа е она што треба да го правите во канцеларијата. Не се фокусирајте на тоа да пристигнете порано и да останете до доцна само за другите да веруваат дека сте вреден работник“, додава Халер.

Амбициите на вработените

Таа порака мора да дојде и од врвот. Бријана До верува дека шефовите треба да ги преиспитаат своите очекувања ако се фокусирани на времето кое вработените го поминуваат на своето работно место, наместо на тоа како ги изразуваат своите амбиции.

„Ако вашиот нов вработен работи одлично и бара повеќе можности и сака да биде вклучен во различни проекти, тоа би требало да значи повеќе отколку некој кој едноставно останува подоцна од вас“, истакнува таа.

Според Халер важно е да се следи примерот на тимот во однос на тоа кога да се појавите и кога да го напуштите работното место.

Придржувајте се до културата на компанијата, доаѓајте на време, не доцнете, не пропуштајте состаноци и „избегнувајте лоши изговори“, заклучува Халер.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.